На Државниот натпревар по Програмирање учениците од СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје го постигнаа следниот успех:
На Државниот натпревар по Програмирање учениците од СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје го постигнаа следниот успех:
Во нашето училиште на 07.02.2025 се оджа општинскиот натпревар по физика за средните училишта од општна Гази Баба. На натпреварот учествуваа 35 ученици од трите средни училишта во општината СЕТУ „Михајло Пупин“, СУГС Гимназија “Панче Арсовски“ и Меѓународнo училиштe Маариф Скопје. Нашето училиште го представуваа следниве ученици:
На 60-от државен натпревар на млади истражувачи од Р. С. Македонија, во организација на Народна Техника на Македонија, ученикот Борјан Стојчевски освои прво место, во областа „Електротехника и електроника“, под менторство на Гордана Наумовска а ученикот Филип Спиров освои второ место во областа „Иновации“ под менторство на Наташа Божиновска. (26.10.2024)
Ученичката компанија Eco-Smell од нашето училиште освои четврто место на Националниот натпревар за најдобри ученички компании Junior Achievement од вкупно 25 ученички компании од Македонија. Компанијата ја формираа учениците Георгина Алексовска, Филип Величковски, Маријан Багевски, Дори Иванова и Дијана Бошковска и беа менторирани од професорката Ангела Магдеска. Натпреварот се одржа во Струга од 24.04.2024 до 26.04.2024.
Тимот Eco-Smell од нашето училиште победи на натпреварот UPSHIFT Air и освои награда од 120 000 денари за реализација на проектот и производство на еко-биоразградливите освежувачи за автомобили, кои откако ќе го исцрпат своето дејство, може да се засадат во земја.
СЕТУ Михајло Пупин е дел од проектот Our Green Heritage Awareness – GET AWARE! ЕРАСМУС + заедно со нашите партнери од Шпанија, Турција и Романија во првата акција во градот Питешти- Романија
Во тек е Европскиот натпревар #GEN_E во Истанбул!! Погледнете дел од атмосферата за време на изложбите на штанд на учесниците на натпреварот.
На 59-тиот Државен натпревар на млади истражувачи во Велес со Драган Матов освоивме второ место. Ментор-Наташа Божиновска.
Националниот натпревар за најдобри ученички компании организиран од Џуниор Ачивмент Македонија се одржа од 10-12.05.2023 во хотел Дрим, Струга. На натпреварот учествуваа 25 тима од цела Македонија( финале) од преку 100 пријавени од цела Македонија , а нашето училиште зема учество со 2 ученички компании. Ученичката компанија Cortex освои четврто место,со ментор Стефана Христовска, а ученичката компанија InoVax го освои Првото место и ќе учествува на Европскиот натпревар кој ќе се одржи во јули, во Истанбул, Турција. Првонаградениот тим е во состав: Фидан Маџоски, Никола Атанасоски, Андреј Тодоров и Георгина Алексовска, наставник ментор: Ања Манчевска.
InoVax е ученичка компанија која со својот производ им помага на повозрасните лица и лицата со деменција, како и на нивните најблиски, за безбедно напуштање на нивните домови. Поточно компанијата произведува Уред за лоцирање на возрасни лица и лица со деменција.
Им честитаме на учениците и менторите!
Давид Костовски – ВТОРО место на државниот натпревар од електротехничка струка, образовен профил КТА, ментори Анѓелка Андрески, Јелена С.Јосифовска, Софија Темкова, Гордана Наумовска