x
С Е Т У Г С
М и х а ј л о
П у п и н

Михајло Пупин во посета на компанијата ТИТАН УСЈЕ АД Скопје

На 21 мај 2026 година со ученици од трета година од образовен профил Електротехничар за комјутерска техника и автоматика беше реализирана посета на компанијата ТИТАН УСЈЕ АД Скопје. Учениците во текот на посетата беа запознаени со опремата и софтверот кои се применува во производствениот процес кои теоретски се опфатени во наставните програми на предметите Основи […]

Државниот натпревар од електротехничка струка

Голем успех на Државниот натпревар од електротехничка струка  На 08 и 09 мај во Кавадарци се одржаа 43тите  државни натпревари од електротехничката,машинската и сообраќајната струка каде нашите ученици ги освоија следниве награди:  Ива Бошеска -го освои 1 то место на Државниот натпревар од електротехничка струка за образовен профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматикаМентори: Анѓелка Андрески, Софија Темкова, […]

СЕТУГС „Михајло Пупин“ – домаќини на третиот транснационален состанок на Еразмус+ проектот AI & SUSTAINABILITY IN VET EDUCATION

На 20 и 21 април 2026, нашето училиште СЕТУГС „Михајло Пупин“, беше домаќин на претставници од партнерските земји во Еразмус+ проектот Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование. Имено, имавме гости од Универзитетите во Каунас, Литванија (координатор на проектот), Техничкиот Универизтет Порто од Португалија, Техничкото училиште од Билбао, Шпанија, Центрите за стручно образование од […]

УСПЕШНО УЧЕСТВО НА 46та МАКИНОВА И 23та ЕКОНОВА

На  6 декември 2025 година, во просториите на СОУ „Киро Спанџов – Брко“ Кавадарци, се одржа 46. МАКИНОВА и 23. ЕКОНОВА, во организација на Народна Техника на Македонија и СПАТУМ. Настанот претставува меѓународна изложба за иновации, на која учесници од повеќе земји ги претставија своите креативни и истражувачки проекти. Горди сме што нашето училиште имаше […]

Државен натпревар на млади истражувачи

На 61-от Државен натпревар на млади истражувачи, кој се одржа во Куманово, ученикот Филип Спиров од II година освои прво место во областа иновации, под менторство на Наташа Божиновска

Состанок во Каунас,Литванија –   the ProjectHub@AI-SAVES-Artificial Intelligence and Sustainable Automated Vision for Environmental Solutions

Во рамки на проектот AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование, во кој нашето училиште СЕТУГС „Михајло Пупин” е партнер, а координатор е Техничкиот Универзитет Каунас од Литванија, се одржа состанок во Каунас, Литванија на 26-27.06.2025. На состанокот учествуваа директорот Димитар Ѓорѓиев и координаторот на проектот Анѓелка Андрески. На евалуациониот состанок – „the ProjectHub@AI-SAVES-Artificial Intelligence and Sustainable Automated Vision for Environmental Solutions” се дискутираше за статусот на работните пакети, реализирани досегашни активности и секоја од партнерските земји – С.Македонија, Литванија, Португалија, Шпанија, Грција, Турција и Белгија – презентираше по два сработени проекти за одржлив развој со Raspberry Pi, computer vision, детекција на објекти и сегментација, претренирани модели – MobileNet – класификација, YOLO – детекција на објекти и нивна класификација, програмирани во Python. Нашите проекти беа за автоматизирано рециклирање, препознавање на типот на отпадот со камера модул и трениран модел – база на податоци со кој отпадот се пренесува со сервомотор до соодветната канта. Вториот проект беше за препознавање на кучиња скитници од голема база на податоци и заштита на луѓето од нив со вискофреквентни сигнали од утрасоничен сензор. Во тек е доставата на донираната опрема во училиштето од Raspberry Pi 5 , со сензори и актуатори, која ќе биде дистрибуирана и до сите електротехнички училишта во Р.С.Македонија, а на која ќе работат професори со тимови на ученици, за изработка на вежби за одржлив развој, со кои ќе учествуваат на натпревар во кој ќе се вклучат ученици од средни стручни училишта од цела Европа.

Денови на електротехника

Денови на електротехника 23.04-26.04.2025 година. Свечено отварање среда 23.04.2025 во 09.00 часот

Општински натпревар по физика

Во нашето училиште на 07.02.2025 се оджа општинскиот натпревар по физика за средните училишта од општна Гази Баба. На натпреварот учествуваа 35 ученици од трите средни училишта во општината СЕТУ „Михајло Пупин“, СУГС Гимназија “Панче Арсовски“ и Меѓународнo училиштe Маариф Скопје. Нашето училиште го представуваа следниве ученици:

AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование

Во рамките на проектот AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование, во кој нашето училиште СЕТУГС “Михајло Пупин” е партнер, се одржа обука во Истанбул, Турција од 16-20.09.2024. На обуката учествуваа професорките Анѓелка Андрески, Ангела Магдеска, Ања Манчевска Илиеска и Дијана Трајкоска. Обуката беше за Raspberry Pi 5 микрокомпјутери и ESP32. На донираната опрема во училиштето од Raspberry Pi 5 , со сензори и актуатори ќе работат професорките со тимови на ученици, за изработка на вежби со кои ќе учествуваат на натпревар во кој ќе се вклучат ученици од средни стручни училишта од цела Европа.

 Донација на Америчката компанија WABTEC

Денес во просториите на СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН е примена донација од страна на Америчката компанија WABTEC од еден професионален сервер и два професионални свича кои ќе бидат поврзани за потребите на нашето училиште . Ќе го подобриме интернетот во целото училиште како и ќе ги заштитиме сите податоци. Со овој чекор започнуваме комплетно дигитализирање во наредниот период.
СЕТУ Михајло Пупин чекор пред другите