x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н
image36

III-ти СТЕПЕН

Струка: електротехничка (програмите се исти како и редовните ученици)

Образовни профили:

  • електроинсталатер и монтер
  • електромеханичар

IV-ти СТЕПЕН

Струка: електротехничка (програмите се исти како и редовните ученици)

Образовни профили:

  • компјутерска техника и автоматика
  • електроника и телекомуникации
  • енергетика
275670488_802788400682389_808580979596352463_n

Пријавување во вонредни ученици

За пријавување во вонредни ученици кандидатот најпрво треба да пополни барање за упис во I, II, III или IV година:

Покрај барањето кандидатот е потребно да ги донесе и следниве документи:

  • Свидетелства за I, II, и III година (во зависност која година се упишува кандидатот)
  • Извод од матична книга на родените

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: 5000 ден. (еднократна уплата)

Цел на дознака: Упис во (I, II, III или IV) година.

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Пријавување на испити за полагање

Откако кандидатот ќе се запише во четврта година може да се пријави за полагање на испити. Во текот на една учебна година предвидени се шест испитни сесии (октомври, декември, февруари, април, јуни и август). Кандидатот треба да ги донесе во училиштето сите потребни документи наведени подолу од 1 до 10-ти во месецот кога има испитна сесија. Испитите се реализираат од 20 до 30-ти во месецот кога има сесија. Термините и комисиите за полагање на испитите ќе бидат истакнати на Огласната Табла во училиштето и на Огласната Табла на веб страната на училиштето 3 дена пред започнување на полагањето на испитите. Идентитетот на кандидатот го утврдува испитната комисија преку Лична карта. Во случај кога кандидатот е спречен да дојде на испит, должен е најмалку еден ден однапред да се јави и да го оправда своето отсуство, во спротивно ќе се смета дека кандидатот бил на испит.

Напомена: Кандидатот може да пријави највеќе три испити во една испитна сесија.

Потребни документи за полагање на испити:

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: Вариабилна (Зависи од бројот на предмети што ќе ги пријави кандидатот. Цената на полагање на еден предмет чини 800ден. ) На пример: Доколку кандидатот пријави три предмети тогаш цената ќе биде 2400 ден.

Цел на дознака: Пријавување на испити за вонредни

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Полагање на државна матура/ завршен испит

По завршувањето на испитите од четврта година, кандидатот ќе може да полага завршен испит или државна матура.  Повеќе информации околу државната матура и завршниот испит можете да најдете на линкови подолу: (Следете ги инструкциите за вонредни ученици)

Издавање на диплома/ свидетелство

Кандидатот треба да ги следите следните чекори за издавање на свидетелство или диплома :
  1. 1. Поднесете барање за издавање на диплома (Барањето се поднесува кај секретарот на училиштето)
  2. 2. Уплатите уплатница на жиро сметка на училиштето
    • Цена за свидетелство: 500 ден.
    • Цена за диплома: 500 ден.
    • Цел на дознака: Издавање на свидетелство/ диплома

Имате прашања!.. слободно контактирајте не