Победници на националниот натпревар на најдобри ученички компании за учебната 2022/2023!

Националниот натпревар за најдобри ученички компании организиран од Џуниор Ачивмент Македонија се одржа од 10-12.05.2023 во хотел Дрим, Струга. На натпреварот учествуваа 25 тима од цела Македонија( финале) од преку 100 пријавени од цела Македонија , а нашето училиште зема учество со 2 ученички компании. Ученичката компанија Cortex освои четврто место,со ментор Стефана Христовска, а ученичката компанија InoVax го освои Првото место и ќе учествува на Европскиот натпревар кој ќе се одржи во јули, во Истанбул, Турција. Првонаградениот тим е во состав: Фидан Маџоски, Никола Атанасоски, Андреј Тодоров и Георгина Алексовска, наставник ментор: Ања Манчевска.

InoVax е ученичка компанија која со својот производ им помага на повозрасните лица и лицата со деменција, како и на нивните најблиски, за безбедно напуштање на нивните домови. Поточно компанијата произведува Уред за лоцирање на возрасни лица и лица со деменција.

Им честитаме на учениците и менторите!

Сподели го постот: