СЕТУ Михајло Пупин е дел од проектот Our Green Heritage Awareness – GET AWARE! ЕРАСМУС + заедно со нашите партнери од Шпанија, Турција и Романија во првата акција во градот Питешти- Романија
СЕТУ Михајло Пупин е дел од проектот Our Green Heritage Awareness – GET AWARE! ЕРАСМУС + заедно со нашите партнери од Шпанија, Турција и Романија во првата акција во градот Питешти- Романија
СЕТУ Михајло Пупин од денес има нов партнер училиште каде учениците и наставниците од двете училишта ќе вршат размена на искуства учества во заеднички проекти и други активности од областа на образованието.
Денес во Белград -Земун потпишавме меморандум за соработка со ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ЗЕМУН🇷🇸🇲🇰🇷🇸🇲🇰🇷🇸🇲🇰.
Веќе од наредната година нашите ученици и наставници ќе имаат можност да го посетат ова училиште и разменат искуства со своите врсници и колеги.
Чекориме напред 🇲🇰🇪🇺🇲🇰🇪🇺
СЕТУ Михајло Пупин од 25-29.10.2023 година беше во посета и размена на ученици и професори во двете средни училишта Техничката школа Зеница и Мешовитата школа Младост во Зеница -Босна и Херцеговина.
Во тек е Европскиот натпревар #GEN_E во Истанбул!! Погледнете дел од атмосферата за време на изложбите на штанд на учесниците на натпреварот.
На 59-тиот Државен натпревар на млади истражувачи во Велес со Драган Матов освоивме второ место. Ментор-Наташа Божиновска.
СЕТУ Михајло Пупин – после 2006 година за прв пат нашите ученици имаа можност да бидат дел од завршните екскурзии. Генерации на кои им беше неправедно скратено правото на екскурзија веќе е минато. Отвараме нова страница . Воедно да се заблагодариме на учениците кои беа дел од турата Скопје-Прага-Дрезден-Виена -Скопје за професионалноста, одговорноста и максимално почитување на кодексот на однесување за време на екскурзијата. СЕТУ Михајло Пупин е горд на своите ученици. Благодарност и на професорите на својот професионален однос за време на екскурзијата.
Националниот натпревар за најдобри ученички компании организиран од Џуниор Ачивмент Македонија се одржа од 10-12.05.2023 во хотел Дрим, Струга. На натпреварот учествуваа 25 тима од цела Македонија( финале) од преку 100 пријавени од цела Македонија , а нашето училиште зема учество со 2 ученички компании. Ученичката компанија Cortex освои четврто место,со ментор Стефана Христовска, а ученичката компанија InoVax го освои Првото место и ќе учествува на Европскиот натпревар кој ќе се одржи во јули, во Истанбул, Турција. Првонаградениот тим е во состав: Фидан Маџоски, Никола Атанасоски, Андреј Тодоров и Георгина Алексовска, наставник ментор: Ања Манчевска.
InoVax е ученичка компанија која со својот производ им помага на повозрасните лица и лицата со деменција, како и на нивните најблиски, за безбедно напуштање на нивните домови. Поточно компанијата произведува Уред за лоцирање на возрасни лица и лица со деменција.
Им честитаме на учениците и менторите!
Денес во Стопанската комора на Р.С.Македонија беа доделени грантовите од Regional challenge fund. СЕТУ Михајло Пупин е единственото училиште од Град Скопје кое доби грант. Со помош на овие средства СЕТУ Михајло Пупин ќе добие најмодерна лабораторија по енергетика на Балканот .
Давид Костовски – ВТОРО место на државниот натпревар од електротехничка струка, образовен профил КТА, ментори Анѓелка Андрески, Јелена С.Јосифовска, Софија Темкова, Гордана Наумовска
На 04.05.2023година се одржаа финалните натпревари на Денови на електротехника. Во финалето најдобри беа учениците од ОУ „Јан Амос Коменски“ – Карпош, на второ место се пласираше екипата ОУ „Христо Узунов“ -Охрид, додека третото место го освои екипата на ОУ „Петар Поп Арсов“-Карпош. Им се заблагодаруваме на сите учесници, а на најдобрите им го честитаме успехот. Уште еден прекрасен ден поминат во СЕТУ „Михајло Пупин“.