x
С Е Т У Г С
М и х а ј л о
П у п и н

Победници на националниот натпревар на најдобри ученички компании за учебната 2022/2023!

Националниот натпревар за најдобри ученички компании организиран од Џуниор Ачивмент Македонија се одржа од 10-12.05.2023 во хотел Дрим, Струга. На натпреварот учествуваа 25 тима од цела Македонија( финале) од преку 100 пријавени од цела Македонија , а нашето училиште зема учество со 2 ученички компании. Ученичката компанија Cortex освои четврто место,со ментор Стефана Христовска, а ученичката компанија InoVax го освои Првото место и ќе учествува на Европскиот натпревар кој ќе се одржи во јули, во Истанбул, Турција. Првонаградениот тим е во состав: Фидан Маџоски, Никола Атанасоски, Андреј Тодоров и Георгина Алексовска, наставник ментор: Ања Манчевска.
InoVax е ученичка компанија која со својот производ им помага на повозрасните лица и лицата со деменција, како и на нивните најблиски, за безбедно напуштање на нивните домови. Поточно компанијата произведува Уред за лоцирање на возрасни лица и лица со деменција.
Им честитаме на учениците и менторите!

СЕТУ Михајло Пупин добитник на грант од Regional challenge fund

Денес во Стопанската комора на Р.С.Македонија беа доделени грантовите од Regional challenge fund. СЕТУ Михајло Пупин е единственото училиште од Град Скопје кое доби грант. Со помош на овие средства СЕТУ Михајло Пупин ќе добие најмодерна лабораторија по енергетика на Балканот .

Успех на Државниот натпревар од електротехничка струка

Давид Костовски – ВТОРО место на државниот натпревар од електротехничка струка, образовен профил КТА, ментори Анѓелка Андрески, Јелена С.Јосифовска, Софија Темкова, Гордана Наумовска

Финални натпревари на Денови на електротехника

На 04.05.2023година се одржаа финалните натпревари на Денови на електротехника. Во финалето најдобри беа учениците од ОУ „Јан Амос Коменски“ – Карпош, на второ место се пласираше екипата ОУ „Христо Узунов“ -Охрид, додека третото место го освои екипата на ОУ „Петар Поп Арсов“-Карпош. Им се заблагодаруваме на сите учесници, а на најдобрите им го честитаме успехот. Уште еден прекрасен ден поминат во СЕТУ „Михајло Пупин“.

Денови на електротехника

На 02.05.2023 во СЕТУ Михајло Пупин започнаа Денови на електротехника -манифестација која оваа година трае една седмица. Се заблагодаруваме на сите присутни – на Градоначалникот на Град Скопје Г-ѓа Данела Арсовска, директори на образовни институции, директори на училишта, ученици , колеги , гости

Успех на МАССУМ

Пепита Тодорова ПРВО место категорија Филм (и понуда за работа), ментор Јасминка Димовска, Маја Наумовска

Денови на електротехниката 02-06.05.2023

Средното електротехничко училиште на Град Скопје ” Михајло Пупин ” – Скопје, Ве поканува на овогодинешната манифестација „Денови на електротехниката“, која се одржува во нашето училиште од 02.05 до 06.05.2023 година. Секоја година учествуваат голем број на ученици, се надеваме дека и годинава ќе биде така. И оваа година за најдобрите се обезбедени награди, а за сите учесници сертификати за учество. Тимот кој ќе учествува на тест-натпреварот по предметот физика, област електротехника за 8 и 9-то одделение, треба да се состои од три ученици и еден ментор. Истиот треба да го пријавите најдоцна до 23.04.2023 година на e-mail: mpskontakt@yahoo.com и на setugs-mihajlopupin-skopje@schools.mk.

Во прилог Ви ја доставуваме пријавата. По завршување на рокот за пријавување ќе Ви ја испратиме агендата за настанот. На 06.05.2023 година (сабота) ќе имаме отворен ден за сите ученици од деветто одделение, со цел подобро да се запознаат со нашето училиште и да го продолжат своето школување кај нас. За Тимовите кои ќе се пријават, а не се од Скопје, превозот е на нивен сопствен трошок, односно на училиштето кое го претставуваат.

Освоени 3 трети места на Државниот натпревар по Програмирање

На 25.03.2023 на Државниот натпревар по Програмирање кој се одржа на ФИНКИ, во организација на Здружение на информатичари на Р.С.Македонија, нашите ученици кои претходно обезбедија пласман преку Регионалниот натпревар , остварија одлични резултати , секој во својата категорија. Филип Величковски Ι-6 ΙΙΙ место, Дарио Филиповски ΙΙ-4 III место и Филип Поповски ΙΙΙ-3 ΙΙΙ место. Ментор – Анѓелка Андрески. Честитки за постигнатиот успех!

Домаќини на регионалниот натпревар од електротехничка, машинска и сообраќајна струка

СЕТУ Михајло Пупин на 24.03.2023 беше домаќин на регионален натпревар по Електро, Машинска и Сообраќајна струка. Нашите ученици земаа две први места и ќе одат на државен натпревар. Се заблагодаруваме на целиот организационен тим што беше ангажиран за овој натпревар. Воедно се заблагодаруваме на нашите партнери Вива сокови, Пивара -Скопје и Индустри сервис кои го потпомогнаа овој натпревар.