На 05.4.2025 во Природно Математичкиот Факултет – Скопје се одржа 57-от Регионалниот натпревар по физика во организација на ДФРМ. На овој натпревар СЕТУ „Михајло Пупин“ беше претставуван од следниве ученици:
На 05.4.2025 во Природно Математичкиот Факултет – Скопје се одржа 57-от Регионалниот натпревар по физика во организација на ДФРМ. На овој натпревар СЕТУ „Михајло Пупин“ беше претставуван од следниве ученици:
Во рамки на проектот AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование, во кој нашето училиште СЕТУГС „Михајло Пупин” е партнер, а координатор е Техничкиот Универзитет Каунас од Литванија, се одржа обука во Атина, Грција од 18-22.11.2024. На обуката учествуваа директорот Димитар Ѓорѓиев и професорките Анѓелка Андрески, Ангела Магдеска, Ања Манчевска Илиеска и Дијана Трајкоска.
На Државниот натпревар по Програмирање учениците од СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје го постигнаа следниот успех:
Во нашето училиште на 07.02.2025 се оджа општинскиот натпревар по физика за средните училишта од општна Гази Баба. На натпреварот учествуваа 35 ученици од трите средни училишта во општината СЕТУ „Михајло Пупин“, СУГС Гимназија “Панче Арсовски“ и Меѓународнo училиштe Маариф Скопје. Нашето училиште го представуваа следниве ученици:
На 60-от државен натпревар на млади истражувачи од Р. С. Македонија, во организација на Народна Техника на Македонија, ученикот Борјан Стојчевски освои прво место, во областа „Електротехника и електроника“, под менторство на Гордана Наумовска а ученикот Филип Спиров освои второ место во областа „Иновации“ под менторство на Наташа Божиновска. (26.10.2024)
„СЕТУГС „Михајло Пупин“ во посета на компанијата Johnson Matthey каде учениците се запознаа со процесот на производство. Делтално беа запознаени со една производна линија каде им беше презентирано блокадната заштита и целокупната автоматизација на линијата. Со оваа посета учениците имаа можност да видат примена на теоретските знаења, практично во реални услови. (5.12.2024)
Во рамките на проектот AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование, во кој нашето училиште СЕТУГС “Михајло Пупин” е партнер, се одржа обука во Истанбул, Турција од 16-20.09.2024. На обуката учествуваа професорките Анѓелка Андрески, Ангела Магдеска, Ања Манчевска Илиеска и Дијана Трајкоска. Обуката беше за Raspberry Pi 5 микрокомпјутери и ESP32. На донираната опрема во училиштето од Raspberry Pi 5 , со сензори и актуатори ќе работат професорките со тимови на ученици, за изработка на вежби со кои ќе учествуваат на натпревар во кој ќе се вклучат ученици од средни стручни училишта од цела Европа.
Ученичката компанија Eco-Smell од нашето училиште освои четврто место на Националниот натпревар за најдобри ученички компании Junior Achievement од вкупно 25 ученички компании од Македонија. Компанијата ја формираа учениците Георгина Алексовска, Филип Величковски, Маријан Багевски, Дори Иванова и Дијана Бошковска и беа менторирани од професорката Ангела Магдеска. Натпреварот се одржа во Струга од 24.04.2024 до 26.04.2024.
Тимот Eco-Smell од нашето училиште победи на натпреварот UPSHIFT Air и освои награда од 120 000 денари за реализација на проектот и производство на еко-биоразградливите освежувачи за автомобили, кои откако ќе го исцрпат своето дејство, може да се засадат во земја.
Резултати од тестот на учесниците на манифестацијата “Денови на електротехниката 2024”