Финална конференција на Еразмус+ проектот „Вештачка интелегенција и одржлив развој на стручното образование“ во Брисел

На 24,25.06.2026 во Брисел, Белгија во седиштето на ЕВТА – Европска асоцијација на средни стручни училишта, се одржа завршната конференција на  Еразмус+ проектот „Вештачка интелегенција и одржлив развој на стручното образование“, во кој нашето училиште е партнер, а координатор е Техничкиот Универзитет Каунас од Литванија. Како претставници од СЕТУГС „Михајло Пупин“ и членови на проектниот менаџмент, присуствуваа директорот Димитар Ѓорѓиев и координаторот Анѓелка Андрески. Во рамки на финалната конференција се одржа панел дискусија, на која покрај претставниците од Грција и Турција, за Македонија говореше Анѓелка Андрески, која одговараше на прашања на присутните, како и на оние кои ја следеа дискусијата онлине со пренос во живо. Воедно се прогласија победниците на Европскиот натпревар на ученици со проекти од областа на Вештачка интелегенција и машинско учење, каде Македонија се најде на мапата помеѓу првите три и го освои второто место. Исто така, се одржа и транснационален проектен состанок, на кој учествуваа координаторот од Литванија, како и партнерите од Португалија, Шпанија, Турција, Грција, Белгија и Македонија,  на кој се дискутираше за финалните чекори и активности кои треба да се преземат за да се заврши успешно проектот.

Координатор- Анѓелка Андрески
Сподели го постот: