x
С Е Т У Г С
М и х а ј л о
П у п и н

Денови на електротехниката 02-06.05.2023

Средното електротехничко училиште на Град Скопје ” Михајло Пупин ” – Скопје, Ве поканува на овогодинешната манифестација „Денови на електротехниката“, која се одржува во нашето училиште од 02.05 до 06.05.2023 година. Секоја година учествуваат голем број на ученици, се надеваме дека и годинава ќе биде така. И оваа година за најдобрите се обезбедени награди, а за сите учесници сертификати за учество. Тимот кој ќе учествува на тест-натпреварот по предметот физика, област електротехника за 8 и 9-то одделение, треба да се состои од три ученици и еден ментор. Истиот треба да го пријавите најдоцна до 23.04.2023 година на e-mail: mpskontakt@yahoo.com и на setugs-mihajlopupin-skopje@schools.mk.

Во прилог Ви ја доставуваме пријавата. По завршување на рокот за пријавување ќе Ви ја испратиме агендата за настанот. На 06.05.2023 година (сабота) ќе имаме отворен ден за сите ученици од деветто одделение, со цел подобро да се запознаат со нашето училиште и да го продолжат своето школување кај нас. За Тимовите кои ќе се пријават, а не се од Скопје, превозот е на нивен сопствен трошок, односно на училиштето кое го претставуваат.

Информација за стипендии на ученици

Ве известуваме дека во Одделението за ученички стандард во тек е прием на документи за продолжување на ученички стипендии, кои се веќе одобрени во некоја од претходните учебни години.
Потребни документи за продолжување ученичка стипендија се:
– потврда за редовен ученик во учебната 2022/2023 година
– копија од свидетелство за претходната учебна 2021/2022 година
Краен рок за продолжување на стипендиите е 30 ти септември.

Информација од Министерство за образование и наука

Возен ред на автобуска линија 3А

Почитувани возниот ред од Водњанска ( Водно ) до СЕТУ Михајло Пупин и назад на Автобусот со бр 3А се реализира по следниот возен ред:Возен ред на автобуска линија 3А