КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ И ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ ИСПИТИ ДЕКЕМВРИСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2025 / 2026 ГОДИНА)
КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ И ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ ИСПИТИ ДЕКЕМВРИСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2025 / 2026 ГОДИНА)
Приемот на ученици од прва година ќе се реализира на 1-ви Септември со почеток во 07:30 часот во задниот дел од училишниот двор.
Ве очекуваме !
Резултатите од натпреварот „Денови на електротехниката“ можете да ги превземете на линкот подолу:
Резултати од тестот на учесниците на манифестацијата “Денови на електротехниката 2024”
СЕТУ Михајло Пупин се ЗАБЛАГОДАРУВА на Агенцијата за електронски комуникации “АЕК” за дадентата донација на нашето училиште со чии средства ќе се опреми целосно нов кабинет по информатика со 15 нови компјутери , проектори и резервен хардвер како монитори, свичови и други хардверски делови за потребите за наставата .
Учениците од второ полугодие ќе добијат уште еден нов кабинет по информатика.
💻💻💻💻💻💻💻💻💻💻💻💻💻
СЕТУ Михајло Пупин 🇲🇰🇪🇺
Почитувани родители и ученици ве известуваме дека родителската средба за прва и втора година ќе се одржи во вторник на 19.09.2023 година во 18.30 часот, а за терта и четврта година родителската средба ќе се одржи во среда на 20.09.2023 година во 18.30 во просториите на училиштето
од тимот на СЕТУ „Михајло Пупин“
ПОЧИТУВАНИ СРЕДНОШКОЛЦИ ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА УЧЕБНАТА ГОДИНА ЗАПОЧНУВА НА 01.09.2023 ГОДИНА ПЕТОК. УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВА И ВТОРА ГОДИНА ЗАПОЧНУВААТ СО НАСТАВА ОД 07.30 ЧАСОТ, А ТРЕТА И ЧЕТВРТА ГОДИНА СО НАСТАВА ЗАПОЧНУВААТ ВО 13.20 ЧАСОТ
ВИ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌЕН ПОЧИТОК И УСПЕШНА УЧИЛИШНА ГОДИНА.
ОД ТИМОТ НА СЕТУ „ МИХАЈЛО ПУПИН “ – СКОПЈЕ
Резултати од натпреварот по Физика на манифестацијата Денови на електротехника 2023
Средното електротехничко училиште на Град Скопје ” Михајло Пупин ” – Скопје, Ве поканува на овогодинешната манифестација „Денови на електротехниката“, која се одржува во нашето училиште од 02.05 до 06.05.2023 година. Секоја година учествуваат голем број на ученици, се надеваме дека и годинава ќе биде така. И оваа година за најдобрите се обезбедени награди, а за сите учесници сертификати за учество. Тимот кој ќе учествува на тест-натпреварот по предметот физика, област електротехника за 8 и 9-то одделение, треба да се состои од три ученици и еден ментор. Истиот треба да го пријавите најдоцна до 23.04.2023 година на e-mail: mpskontakt@yahoo.com и на setugs-mihajlopupin-skopje@schools.mk.
Во прилог Ви ја доставуваме пријавата. По завршување на рокот за пријавување ќе Ви ја испратиме агендата за настанот. На 06.05.2023 година (сабота) ќе имаме отворен ден за сите ученици од деветто одделение, со цел подобро да се запознаат со нашето училиште и да го продолжат своето школување кај нас. За Тимовите кои ќе се пријават, а не се од Скопје, превозот е на нивен сопствен трошок, односно на училиштето кое го претставуваат.