x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

Green ICT  - мобилност во Македонија

Од 07-11.04.2025 нашето училиште СЕТУГС “Михајло Пупин”, беше домаќин на ученици и професори од Романија , Шпанија и Турција, во рамки на Еразмус+ проектот Our Green Heritage Awareness, во кој сме партнери. Учениците и професорите од партнерските училишта – Colegiul Alexandru Odobescu од Питешти, Романија, IES Antonio De Nebrija од Заламеа Де Ла Серена, Шпанија и Torbali Ataturk Anadolu Lisesi од Торбали, Измир, Турција ,учествуваа во бројни активности во рамки на мобилноста именувана како Green ICT – Зелени ИКТ. Имено , по свечениот прием и презентација на нашата земја и нашето училиште, се организираа повеќе работилници. Се работеше на пресметување на добиената енергија од обновливи извори -енергија од сонцето и од ветерот, како и презентација на фотоволтаичната централа во училиштето. Потоа , се работеа „зелени“ веб страни, каде нашите ученици измешани во тимови со гостинските ученици , беа вклучени како нивни ментори. Се работеше на Ардуино работилница за изработка на „паметни домови“ со сензори за светла заради заштеда на енергија, на автоматско наводнување на растенија со сензори за влага, потоа работилница со Raspberry Pi за автоматско селектирање на отпадот – паметно рециклирање со computer vision , AI -трениран модел со вештачка интелегенција, работилница со 3Д принтер, како и работилница за изработка на освежувачи за автомобили од рециклирани материјали и семиња за растенија во истите. Сите резултати од сработеното , нашите ученици ги поставија и на веб страната на проектот , youtube каналот и социјалните медиуми на проектот. Во рамки на едонеделната посета, гостите ја вкусија македонската кујна и беа воодушевени од знаменитостите на нашата земја. Ја посетивме спомен куќата на Мајка Тереза и Старата Скопска чаршија. Ја посетивме хидроцентралата Матка, каде се презентираше за начинот на добивање на електрична енергија од енергијата на водните ресурси. Гостите беа импресионирани од кањонот Матка, од градот Охрид и Охридското Езеро како дел од зеленото и културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така , го посетивме и Милениумскиот крст на Водно – како споредба на градскиот воздух и чистиот планински воздух во непосредна близина на Скопје. Гостите заминаа со прекрасни впечатоци за македонската култура и традиција, како и за техничката опременост на нашето училиште.
Координатор на проектот – Анѓелка Андрески

AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование

Во рамки на проектот AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование, во кој нашето училиште СЕТУГС „Михајло Пупин” е партнер, а координатор е Техничкиот Универзитет Каунас од Литванија, се одржа обука во Атина, Грција од 18-22.11.2024. На обуката учествуваа директорот Димитар Ѓорѓиев и професорките Анѓелка Андрески, Ангела Магдеска, Ања Манчевска Илиеска и Дијана Трајкоска.

AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование

Во рамките на проектот AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование, во кој нашето училиште СЕТУГС “Михајло Пупин” е партнер, се одржа обука во Истанбул, Турција од 16-20.09.2024. На обуката учествуваа професорките Анѓелка Андрески, Ангела Магдеска, Ања Манчевска Илиеска и Дијана Трајкоска. Обуката беше за Raspberry Pi 5 микрокомпјутери и ESP32. На донираната опрема во училиштето од Raspberry Pi 5 , со сензори и актуатори ќе работат професорките со тимови на ученици, за изработка на вежби со кои ќе учествуваат на натпревар во кој ќе се вклучат ученици од средни стручни училишта од цела Европа.

Our Green Heritage Awareness – GET AWARE!

СЕТУ Михајло Пупин е дел од проектот Our Green Heritage Awareness – GET AWARE! ЕРАСМУС + заедно со нашите партнери од Шпанија, Турција и Романија во првата акција во градот Питешти- Романија

СЕТУ „Михајло Пупин“ потпиша меморандум за соработка со ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ЗЕМУН

СЕТУ Михајло Пупин од денес има нов партнер училиште каде учениците и наставниците од двете училишта ќе вршат размена на искуства учества во заеднички проекти и други активности од областа на образованието.

Денес во Белград -Земун потпишавме меморандум за соработка со ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ЗЕМУН🇷🇸🇲🇰🇷🇸🇲🇰🇷🇸🇲🇰.
Веќе од наредната година нашите ученици и наставници ќе имаат можност да го посетат ова училиште и разменат искуства со своите врсници и колеги.

Чекориме напред 🇲🇰🇪🇺🇲🇰🇪🇺

Посета и размена на ученици и професори со средните училишта Техничката школа  Зеница и Мешовитата  школа Младост во Зеница -Босна и Херцеговина

СЕТУ Михајло Пупин од 25-29.10.2023 година беше во посета и размена на ученици и професори во двете средни училишта Техничката школа Зеница и Мешовитата школа Младост во Зеница -Босна и Херцеговина.

Еднонеделна посета на ученици и професори од Турција

Денес заврши еднонеделната посета на ученици и професори од Турција на проект од Еразмус . Споделивме ново искуство на учениците и покажавме како денес функционира нашето училиште. Благодарност до колешките Сандра Ивановска и Наташа Божиновска кои го кординираа овој проект. СЕТУ Михајло Пупин – европско училиште!

Наши ученици и професори во „Михајло Пупин“ во Нови Сад

СЕТУ Михајло Пупин ги усовршува своите ученици и професори. Од 10 до 14 Октомври 2022 година наши ученици заедно со професори беа на размена во Електротехничка Школа “Михајло Пупин “-Нови Сад. Недела каде учениците разменија искуства се стекнаа со нови знаења , дружење со своите врсници , беа во посета на Електро факултетот во Нови Сад и ја посетија компанијата CONTINENTAL. Нашите професори одржаа неколку предавања на нивните ученици од електротехничката струка. Се запознаа со Градот и посетија многу знаменитости. Незаборавно искуство за овие наши ученици кои беа избрани по пат на отворен конкурс, тестирање, а најдобрите имаа чест да бидат на оваа размена. Оваа размена продолжува во месец Нормври каде ученици од ЕТШ МИХАЈЛО ПУПИН-Нови Сад и професори ќе бидат наши гости во нашето училиште. За оваа учебна година планирани се и размени во Зеница -Бих, Хрватска и Словенија , а се работи на потпишување на меморандум со уште едно училиште од Србија како и со училишта од други соседни држави. Огромно Благодарам до колегите Milica Milosavić Karaba, Stana Makevic Mirjana Mitrović Zeljko, Saša Skoko Sasa Ivancuk, Borislava, Slavica, Vanja , професорите колеги кај кои нашите ученици имаа практични вежби и настава и едно големо благодарам до нашиот пријател Директорот Ермидин за прекрасната недела.
Галерија од нашата посета :

СЕТУГС „Михајло Пупин“ -Скопје потпиша меморандум за соработка со две средни училишта од Зеница, БИХ

Во просториите на Власта на Зеничко- Добојски кантон во Босна и Херцеговина во присуство на Министерот за образование Спахија Козлиќ, Средното електротехничко училиште на Град Скопје Михајло Пупин потпиша меморандум за соработка со две средни училишта од Зеница -Босна и Херцеговина, Техничка школа Зеница и Мешовита школа Зеница. Со потпишување на овој меморандум од оваа година ќе има размена на ученици , аплицирање на заеднички проекти, подобрување и размена на искуство во дуалното образование во трите училишта.

Ова е прв ваков вид на меморандум за соработка на стручно училиште со средни училишта од Босна и Херцеговина -изјави директорот на СЕТУ Михајло Пупин -Димитар Ѓорѓиев. Среќни сме поради ова и со ова нашето училиште им овозможува на своите ученици размена на искуства освен во Србија, Хрватска и Словенија од оваа година и со ученици од Босна и Херцеговина.

Делегацијата од Михајло Пупин имаше и прием во стопанската комора како гости на претседателката на комората Г-ѓа Диана Бабиќ и состанок со челници на неколку компании од Босна и Херцеговина каде се разменија искуства за дуалното образование.

Делегацијата ги посети и двете училишта каде се направи стратегија за подобрување на квалитетот на наставата во електротехничката струка и договори повеќе настани за во иднина,а се во интерес на учениците. Исто така делагацијата посети неколку компании како Арцелор Митал каде се разменија искуства за дуалното образование . СЕТУ Михајло Пупин полека станува центар на електротехничката струка во Република Северна Македонија.

видео

Zenitsa blog

lokalno.mk

СЕТУ Михајло Пупин – домаќин на висока делегација од Босна и Херцеговина( Зеничко-Добојски кантон)

СЕТУ Михајло Пупин беше домаќин на висока делегација од Босна и Херцеговина( Зеничко-Добојски кантон), која се состоеше од : министерот за образование, наука култура и спорт г-дин Спахија Козлиќ,заменик министерката за образование г-ѓа Бернадета Галијасевиќ, претседателката на стопанската комора г-ѓа Дијана Бабиќ , заменик министерката за труд и социјала ѓ-га Вилдана Кондиќ, репрезентот на Хелветас г-дин Свен Доминковиќ. Делегацијата го обиколи нашето училиште и се запозна со неговата работа и прогрес. Добивме лично покана за соработка и потпишување на меморандуми со две средни училишта од Босна и Херцеговина кои ќе се случат во месец февруари-март 2022 година каде нашето училиште ќе отпатува со своја делегација. Посебно сме горди што од сите училишта во Македонија баш нашето училиште беше единствен домаќин на оваа висока делегација.. Пријатни моменти , размена на искуства , нови пријателства, нова можност на нашите ученици преку размена со училишта од Босна и Херцеговина.
EXCHANGE OF IDEAS AND EXPERIENCES FOR THE VOCATIONAL EDUCATION AND TRAINING AIMED AT THE LABOR MARKET NEEDS