x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

Green ICT  - мобилност во Македонија

Од 07-11.04.2025 нашето училиште СЕТУГС “Михајло Пупин”, беше домаќин на ученици и професори од Романија , Шпанија и Турција, во рамки на Еразмус+ проектот Our Green Heritage Awareness, во кој сме партнери. Учениците и професорите од партнерските училишта – Colegiul Alexandru Odobescu од Питешти, Романија, IES Antonio De Nebrija од Заламеа Де Ла Серена, Шпанија и Torbali Ataturk Anadolu Lisesi од Торбали, Измир, Турција ,учествуваа во бројни активности во рамки на мобилноста именувана како Green ICT – Зелени ИКТ. Имено , по свечениот прием и презентација на нашата земја и нашето училиште, се организираа повеќе работилници. Се работеше на пресметување на добиената енергија од обновливи извори -енергија од сонцето и од ветерот, како и презентација на фотоволтаичната централа во училиштето. Потоа , се работеа „зелени“ веб страни, каде нашите ученици измешани во тимови со гостинските ученици , беа вклучени како нивни ментори. Се работеше на Ардуино работилница за изработка на „паметни домови“ со сензори за светла заради заштеда на енергија, на автоматско наводнување на растенија со сензори за влага, потоа работилница со Raspberry Pi за автоматско селектирање на отпадот – паметно рециклирање со computer vision , AI -трениран модел со вештачка интелегенција, работилница со 3Д принтер, како и работилница за изработка на освежувачи за автомобили од рециклирани материјали и семиња за растенија во истите. Сите резултати од сработеното , нашите ученици ги поставија и на веб страната на проектот , youtube каналот и социјалните медиуми на проектот. Во рамки на едонеделната посета, гостите ја вкусија македонската кујна и беа воодушевени од знаменитостите на нашата земја. Ја посетивме спомен куќата на Мајка Тереза и Старата Скопска чаршија. Ја посетивме хидроцентралата Матка, каде се презентираше за начинот на добивање на електрична енергија од енергијата на водните ресурси. Гостите беа импресионирани од кањонот Матка, од градот Охрид и Охридското Езеро како дел од зеленото и културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така , го посетивме и Милениумскиот крст на Водно – како споредба на градскиот воздух и чистиот планински воздух во непосредна близина на Скопје. Гостите заминаа со прекрасни впечатоци за македонската култура и традиција, како и за техничката опременост на нашето училиште.
Координатор на проектот – Анѓелка Андрески

AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование

Во рамки на проектот AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование, во кој нашето училиште СЕТУГС „Михајло Пупин” е партнер, а координатор е Техничкиот Универзитет Каунас од Литванија, се одржа обука во Атина, Грција од 18-22.11.2024. На обуката учествуваа директорот Димитар Ѓорѓиев и професорките Анѓелка Андрески, Ангела Магдеска, Ања Манчевска Илиеска и Дијана Трајкоска.

Our Green Heritage Awareness – GET AWARE!

СЕТУ Михајло Пупин е дел од проектот Our Green Heritage Awareness – GET AWARE! ЕРАСМУС + заедно со нашите партнери од Шпанија, Турција и Романија во првата акција во градот Питешти- Романија

Проект CORELA – ERASMUS + 2018-2020 година

Започна проектот чиj носител е нашето училиште СЕТУ на Град Скопје “Михајло Пупин”- Скопје,заедно со нашите партнери Школски центар Крањ – Словенија, Универзитетот во Марибор ( Словенија ), Техничкото училиште Руџер Бошковиќ – Винковци ( Хрватска ) и ДТК Смарт- тек – Скопје. Нa првиот состанок кој се одржа од 25-27.10.2018 во просториите на СЕТУ на Град Скопје “Михајло Пупин”- Скопје се презентираше програмата , временските рокови за нејзина реализација и насоките за обврските на сите партнери во текот на овој проект.