x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

Денови на електротехника

На 02.05.2023 во СЕТУ Михајло Пупин започнаа Денови на електротехника -манифестација која оваа година трае една седмица. Се заблагодаруваме на сите присутни – на Градоначалникот на Град Скопје Г-ѓа Данела Арсовска, директори на образовни институции, директори на училишта, ученици , колеги , гости

Отворен ден во СЕТУГС „Михајло Пупин“

Со отворениот ден на училиштето на 06.05.2023г. завршија Денови на електротехника 2023 година. Им благодариме на сите учесници , ангажирани професори и вработени , гости за укажаната чест. Денешната посета на учениците и родителите само ни дава потик да продолжиме во исто темпо.

Успех на МАССУМ

Пепита Тодорова ПРВО место категорија Филм (и понуда за работа), ментор Јасминка Димовска, Маја Наумовска

Освоени 3 трети места на Државниот натпревар по Програмирање

На 25.03.2023 на Државниот натпревар по Програмирање кој се одржа на ФИНКИ, во организација на Здружение на информатичари на Р.С.Македонија, нашите ученици кои претходно обезбедија пласман преку Регионалниот натпревар , остварија одлични резултати , секој во својата категорија. Филип Величковски Ι-6 ΙΙΙ место, Дарио Филиповски ΙΙ-4 III место и Филип Поповски ΙΙΙ-3 ΙΙΙ место. Ментор – Анѓелка Андрески. Честитки за постигнатиот успех!

Домаќини на регионалниот натпревар од електротехничка, машинска и сообраќајна струка

СЕТУ Михајло Пупин на 24.03.2023 беше домаќин на регионален натпревар по Електро, Машинска и Сообраќајна струка. Нашите ученици земаа две први места и ќе одат на државен натпревар. Се заблагодаруваме на целиот организационен тим што беше ангажиран за овој натпревар. Воедно се заблагодаруваме на нашите партнери Вива сокови, Пивара -Скопје и Индустри сервис кои го потпомогнаа овој натпревар.

Работилница за наставници од Енергетика

СЕТУ Михајло Пупин во соработка со ЕВН Македонија беше домаќин на работилница( обука за наставници од електротехничка струка -Енергетика) од повеќе градови на Р.С. Македонија. Повеќе знаење повеќе можности. Им благодариме на колегите инжињери и на HR тимот на ЕВН Македонија на целосниот нивен ангажман за подобро образование и за развој на електротехничката струка во средното образование.

Опрема за вежби од Логинг

СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН има одлична соработка со своите партнери. Компанијата ЛОГИНГ донираше опрема во вредност од 2500 евра за потребите на нашите ученици и наставници за изработка на вежби од електротехничката струка. ВИ БЛАГОДАРИМЕ на поддршката во име на целото училиште.

СЕТУ на Град Скопје “ Михајло Пупин” грант €453,590.00

Денес во просториите на СЕТУ Михајло Пупин во присуство на Градоначалничката на Град Скопје Г-ѓа Данела Арсовска и директори од компаниите Либерти, Макстил и Раде КОНЧАР контактори и релеи беше презентиран добиениот грант од Regional Challenge Fund . Со поддршка на консултантската компанија Примепоинт ДОО Скопје, конзорциумот предводен од средно електротехничко училиште на Град Скопје „ Михајло Пупин“ од Скопје и компаниите ЛИБЕРТИ АД Скопје, Раде Кончар Контактори и релеи доо и Макстил АД Скопје обезбеди грант во висина од €453,590.00 Евра од Регионалниот фонд за предизвици. Фондот е иницијатива на Германската развојна банка (KfW), а финансирана и од германското Федерално министерство.
Целта на проектот е преку модернизиран наставен процес да ги доближиме вештините на учениците до оние кои ги бараат компаниите и да го зголемиме бројот на вработени ученици во овие технолошко-напредни компании. „Во просториите на училиштето ќе биде креирана Паметна лабораторија која ќе биде опремена со најсовремена технологија од областа Industry 4.0, со автоматизиран и роботизиран производствен процес со што ова ќе биде единствената таква опрема во Македонија наменета за наставни цели. Учениците кои ќе се запишат во профилите електро-техничар и енергетичар техничар ќе имаат можност да реализираат пракса и да развијат напредни вешнини преку работа во овие реномирани компании“.

Прво место на ROBOMAC

Факултетот за електротехника и информациски технологии во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE по трет пат го организираа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника ROBOMAC Junior, во периодот од 30 ноември до 2 декември 2022. На натпреварот учествуваа ученици од СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН под менторство на Стефана Христовска и Наташа Божиновска. Крумислав Божиновски се натпреваруваше во категорија 1 за АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, а Тимотеј Ристески се натпреваруваше во категорија 2 за ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА и освои прво место.

Наградени на Еконова

По повод одржувањето на 20-тата изложба на Еконова и 43-тата изложба на Макинова 2022, Друштвото за заштита на интелектуална сопственост Берин ДОО Скопје додели награда на нашите ученици Ангела Исовска, Михаела Петровска и Јован Дејановски за проектот Soil Bin – паметен компостер под менторство на професорката Анѓелка Андрески, како успешни млади учесници на изложбата Еконова 2022.