На Државниот натпревар по Програмирање учениците од СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје го постигнаа следниот успех:
На Државниот натпревар по Програмирање учениците од СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје го постигнаа следниот успех:
На 60-от државен натпревар на млади истражувачи од Р. С. Македонија, во организација на Народна Техника на Македонија, ученикот Борјан Стојчевски освои прво место, во областа „Електротехника и електроника“, под менторство на Гордана Наумовска а ученикот Филип Спиров освои второ место во областа „Иновации“ под менторство на Наташа Божиновска. (26.10.2024)
„СЕТУГС „Михајло Пупин“ во посета на компанијата Johnson Matthey каде учениците се запознаа со процесот на производство. Делтално беа запознаени со една производна линија каде им беше презентирано блокадната заштита и целокупната автоматизација на линијата. Со оваа посета учениците имаа можност да видат примена на теоретските знаења, практично во реални услови. (5.12.2024)
Во рамките на проектот AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование, во кој нашето училиште СЕТУГС “Михајло Пупин” е партнер, се одржа обука во Истанбул, Турција од 16-20.09.2024. На обуката учествуваа професорките Анѓелка Андрески, Ангела Магдеска, Ања Манчевска Илиеска и Дијана Трајкоска. Обуката беше за Raspberry Pi 5 микрокомпјутери и ESP32. На донираната опрема во училиштето од Raspberry Pi 5 , со сензори и актуатори ќе работат професорките со тимови на ученици, за изработка на вежби со кои ќе учествуваат на натпревар во кој ќе се вклучат ученици од средни стручни училишта од цела Европа.
Ученичката компанија Eco-Smell од нашето училиште освои четврто место на Националниот натпревар за најдобри ученички компании Junior Achievement од вкупно 25 ученички компании од Македонија. Компанијата ја формираа учениците Георгина Алексовска, Филип Величковски, Маријан Багевски, Дори Иванова и Дијана Бошковска и беа менторирани од професорката Ангела Магдеска. Натпреварот се одржа во Струга од 24.04.2024 до 26.04.2024.
Тимот Eco-Smell од нашето училиште победи на натпреварот UPSHIFT Air и освои награда од 120 000 денари за реализација на проектот и производство на еко-биоразградливите освежувачи за автомобили, кои откако ќе го исцрпат своето дејство, може да се засадат во земја.
НАПОЈУВАЊЕ НА СОНИШТАТА, ОЖИЧУВАЊЕ НА ИДНИНАТА,
ПОТИКНУВАЊЕ НА ИЗВОНРЕДНОСТ ВО СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Денес во просториите на СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН е примена донација од страна на Америчката компанија WABTEC од еден професионален сервер и два професионални свича кои ќе бидат поврзани за потребите на нашето училиште . Ќе го подобриме интернетот во целото училиште како и ќе ги заштитиме сите податоци. Со овој чекор започнуваме комплетно дигитализирање во наредниот период.
СЕТУ Михајло Пупин чекор пред другите
СЕТУ Михајло Пупин е дел од проектот Our Green Heritage Awareness – GET AWARE! ЕРАСМУС + заедно со нашите партнери од Шпанија, Турција и Романија во првата акција во градот Питешти- Романија
СЕТУ Михајло Пупин од денес има нов партнер училиште каде учениците и наставниците од двете училишта ќе вршат размена на искуства учества во заеднички проекти и други активности од областа на образованието.
Денес во Белград -Земун потпишавме меморандум за соработка со ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ЗЕМУН🇷🇸🇲🇰🇷🇸🇲🇰🇷🇸🇲🇰.
Веќе од наредната година нашите ученици и наставници ќе имаат можност да го посетат ова училиште и разменат искуства со своите врсници и колеги.
Чекориме напред 🇲🇰🇪🇺🇲🇰🇪🇺