x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

Green ICT  - мобилност во Македонија

Од 07-11.04.2025 нашето училиште СЕТУГС “Михајло Пупин”, беше домаќин на ученици и професори од Романија , Шпанија и Турција, во рамки на Еразмус+ проектот Our Green Heritage Awareness, во кој сме партнери. Учениците и професорите од партнерските училишта – Colegiul Alexandru Odobescu од Питешти, Романија, IES Antonio De Nebrija од Заламеа Де Ла Серена, Шпанија и Torbali Ataturk Anadolu Lisesi од Торбали, Измир, Турција ,учествуваа во бројни активности во рамки на мобилноста именувана како Green ICT – Зелени ИКТ. Имено , по свечениот прием и презентација на нашата земја и нашето училиште, се организираа повеќе работилници. Се работеше на пресметување на добиената енергија од обновливи извори -енергија од сонцето и од ветерот, како и презентација на фотоволтаичната централа во училиштето. Потоа , се работеа „зелени“ веб страни, каде нашите ученици измешани во тимови со гостинските ученици , беа вклучени како нивни ментори. Се работеше на Ардуино работилница за изработка на „паметни домови“ со сензори за светла заради заштеда на енергија, на автоматско наводнување на растенија со сензори за влага, потоа работилница со Raspberry Pi за автоматско селектирање на отпадот – паметно рециклирање со computer vision , AI -трениран модел со вештачка интелегенција, работилница со 3Д принтер, како и работилница за изработка на освежувачи за автомобили од рециклирани материјали и семиња за растенија во истите. Сите резултати од сработеното , нашите ученици ги поставија и на веб страната на проектот , youtube каналот и социјалните медиуми на проектот. Во рамки на едонеделната посета, гостите ја вкусија македонската кујна и беа воодушевени од знаменитостите на нашата земја. Ја посетивме спомен куќата на Мајка Тереза и Старата Скопска чаршија. Ја посетивме хидроцентралата Матка, каде се презентираше за начинот на добивање на електрична енергија од енергијата на водните ресурси. Гостите беа импресионирани од кањонот Матка, од градот Охрид и Охридското Езеро како дел од зеленото и културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така , го посетивме и Милениумскиот крст на Водно – како споредба на градскиот воздух и чистиот планински воздух во непосредна близина на Скопје. Гостите заминаа со прекрасни впечатоци за македонската култура и традиција, како и за техничката опременост на нашето училиште.
Координатор на проектот – Анѓелка Андрески

ИНТЕРЕН КОНКУРС за запишување ученици во прва година  за средно стручно образование во Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“ – Скопје  за учебната 2025/2026 година

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година во Република Северна Македонија, објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија на Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“ – Скопје за запишување на ученици во учебната 2025/2026 година, го објавува следниот Интерен Оглас.

 67 Државен Натпревар по физика за учениците од средните училишта

На 26.4.2025 во Природно Математичкиот Факултет – Скопје се одржа 67-от Државен натпревар по физика во организација на ДФРМ. На овој натпревар СЕТУ „Михајло Пупин“ беше претставуван од следниве ученици:
Прва година:
• Тадеј Патаракоски
Втора година:
• Ива Бошеска
Ученикот Тадеј Патаракоски беше Пофален и обезбеди учество на Селекциониот натпревар за Балканската олимпијада по физика (БПО), а ученичката Ива Бошеска беше Пофалена и со тоа обезбеди учество на Селекциониот натпревар за Балканската олимпијада по физика (БПО) и на Селекциониот натпревар за Меѓународната олимпијада по физика (IPhO).

Денови на електротехника

Денови на електротехника 23.04-26.04.2025 година. Свечено отварање среда 23.04.2025 во 09.00 часот

Регионалниот натпревар по физика за учениците од средните училишта

На 05.4.2025 во Природно Математичкиот Факултет – Скопје се одржа 57-от Регионалниот натпревар по физика во организација на ДФРМ. На овој натпревар СЕТУ „Михајло Пупин“ беше претставуван од следниве ученици:

AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование

Во рамки на проектот AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование, во кој нашето училиште СЕТУГС „Михајло Пупин” е партнер, а координатор е Техничкиот Универзитет Каунас од Литванија, се одржа обука во Атина, Грција од 18-22.11.2024. На обуката учествуваа директорот Димитар Ѓорѓиев и професорките Анѓелка Андрески, Ангела Магдеска, Ања Манчевска Илиеска и Дијана Трајкоска.

СЕТУ „Михајло Пупин“ на државен натпревар по програмирање

На Државниот натпревар по Програмирање учениците од СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје го постигнаа следниот успех:

Освоено прво и второ место на 60-от државен натпревар на млади истражувачи од Р. С. Македонија

На 60-от државен натпревар на млади истражувачи од Р. С. Македонија, во организација на Народна Техника на Македонија, ученикот Борјан Стојчевски освои прво место, во областа „Електротехника и електроника“, под менторство на Гордана Наумовска а ученикот Филип Спиров освои второ место во областа „Иновации“ под менторство на Наташа Божиновска. (26.10.2024)

„Михајло Пупин“ во посета на компанијата Johnson Matthey

„СЕТУГС „Михајло Пупин“ во посета на компанијата Johnson Matthey каде учениците се запознаа со процесот на производство. Делтално беа запознаени со една производна линија каде им беше презентирано блокадната заштита и целокупната автоматизација на линијата. Со оваа посета учениците имаа можност да видат примена на теоретските знаења, практично во реални услови. (5.12.2024)

AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование

Во рамките на проектот AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование, во кој нашето училиште СЕТУГС “Михајло Пупин” е партнер, се одржа обука во Истанбул, Турција од 16-20.09.2024. На обуката учествуваа професорките Анѓелка Андрески, Ангела Магдеска, Ања Манчевска Илиеска и Дијана Трајкоска. Обуката беше за Raspberry Pi 5 микрокомпјутери и ESP32. На донираната опрема во училиштето од Raspberry Pi 5 , со сензори и актуатори ќе работат професорките со тимови на ученици, за изработка на вежби со кои ќе учествуваат на натпревар во кој ќе се вклучат ученици од средни стручни училишта од цела Европа.