x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

СЕТУ Михајло Пупин добитник на грант од Regional challenge fund

Денес во Стопанската комора на Р.С.Македонија беа доделени грантовите од Regional challenge fund. СЕТУ Михајло Пупин е единственото училиште од Град Скопје кое доби грант. Со помош на овие средства СЕТУ Михајло Пупин ќе добие најмодерна лабораторија по енергетика на Балканот .

Финални натпревари на Денови на електротехника

На 04.05.2023година се одржаа финалните натпревари на Денови на електротехника. Во финалето најдобри беа учениците од ОУ „Јан Амос Коменски“ – Карпош, на второ место се пласираше екипата ОУ „Христо Узунов“ -Охрид, додека третото место го освои екипата на ОУ „Петар Поп Арсов“-Карпош. Им се заблагодаруваме на сите учесници, а на најдобрите им го честитаме успехот. Уште еден прекрасен ден поминат во СЕТУ „Михајло Пупин“.

Денови на електротехника

На 02.05.2023 во СЕТУ Михајло Пупин започнаа Денови на електротехника -манифестација која оваа година трае една седмица. Се заблагодаруваме на сите присутни – на Градоначалникот на Град Скопје Г-ѓа Данела Арсовска, директори на образовни институции, директори на училишта, ученици , колеги , гости

Отворен ден во СЕТУГС „Михајло Пупин“

Со отворениот ден на училиштето на 06.05.2023г. завршија Денови на електротехника 2023 година. Им благодариме на сите учесници , ангажирани професори и вработени , гости за укажаната чест. Денешната посета на учениците и родителите само ни дава потик да продолжиме во исто темпо.

Технологија за тебе

Нa 09-10.05.2022 год. во просториите на факултетот за Електротехника и информациски технологии ФЕИТ, претставници од нашето училиште, наставниците Јелена Стојановиќ Јосифовска, Наташа Божиновска, Софија Темкова и Стефана Христовска и учениците Давид Костовски, Матеј Згонц, Мартин Кузмановски и Матеј Николовски, учествуваа на едукативна работилница на тема „Развојни микропроцесорски системи“, во рамките на проектот „Технологија за тебе“, во организација на Логинг Електроникс. Се одржа натпревар меѓу учесниците на настанот и беа презентирани училишните проекти изработени со претходно донираната опрема.
Благодарение на акцијата под мото „ЛОГИНГ – ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ТЕБЕ!“, со мисијата за подигнување на свеста за употреба на новите технологии за реализација на наставните програми, компанијата ЛОГИНГ ЕЛЕКТРОНИКС донираше 5 уреди „ARDUINO КИТ“, со вклучени 15 разработени проекти.

Повеќе информации за настанот на сајтот на Логинг и ФЕИТ.

Отворен ден во СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје

Во сабота , 14.05.2022 Ве очекуваме драги деветодделенци заедно со Вашите родители , да дојдете во нашето училиште на отворен ден од 10-14 часот и поблиску да го запознаете училиштето и неговите капацитети.
Ве очекуваме!

Прв Дигитален саем за средно стручно образование

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на првиот Дигитален саем за средно стручно образование, организиран од проектот Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Настанот ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември, 2021 година од 13 часот. СЕТУ “Михаjло Пупин” е на агендата на 01.12.2021 со почеток од 13.30h. Овој настан има за цел промоција на средното стручно образование како остварлива можност за кариера.

Практична работа во европски компании

Во рамките на Eразмус проектот Европски компетенции, во период од 21.9.2021 до 6.10.2021 во Повоа де Варзим, Португалија, 5 наши ученици под менторство на професор Анѓелка Андрески изведуваа практична настава во познати компании како https://www.diamantesolar.pt и https://craveiromobiliario.com. Покрај зголемување на компетенциите на учениците во струката со размена на искуства и знаења, тие ги запознаа и културно историските знаменитости на Португалија со посета на значајните места во Порто, Лисабон и Повоа де Варзим.

Програма ACCESS

Завршивме уште еден проект кој траеше две години со ученици од СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН на радост на сите нас. поддржана од Американската амбасада донесе многу знаење и радост на нашите ученици. Благодарност и до колешката Моника Талеска за несебичното залагање.

СЕТУГС „Михајло Пупин“ дел од проектот за мобилност на ученици и вработени/кадар во стручно образование и обука

CDI Macedonia – ИРЗ Македонија со поддршка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка; РЦСОО Моша Пијаде – Тетово; ОСТУ”Наце Буѓони”;СЕТУ Михајло Пупин; СУГС “Владо Тасевски”-ПТТ во период од 20.09.2021 до 05.10.2021 организира мобилност за ученици од електротехничка и машинска струка во Повоа Де Варзим, Португалија