x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

Потпишан меморандум за соработка со Електротехничката школа “Михајло Пупин“ – Нови Сад – Република Србија

СЕТУ Михајло Пупин ве известува дека е потпишан меморандум за соработка со Електротехничката школа “ Михајло Пупин “ – Нови Сад – Република Србија која ќе започне од месец септември со размена на најдобрите ученици , размена на професори и нивни предавања во двете училишта, заеднички обуки на наставниците, аплицирање во заеднички проекти , размена на искуства и идеи во дуалното образование. Со ова даваме мотивација на сите ученици и наставници да бидат мотивирани и даваат резултати, а со тоа и да ги уживаат бенефитите од овој меморандум на соработка. Им благодарам на нашите домаќини од Нови Сад за прекрасното гостопримство …

ОТВОРЕН ДЕН ВО СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ -СКОПЈЕ

На ден 26.05.2021 среда сите ученици кои се заинтересирани да се запишат во нашето училиште и сите кои сеуште размислуваат каде ќе се запишат нека повелат од 10.00 до 13.00 часот во училишниот двор на отворениот ден на СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ – Скопје . Наши професори и ученици ќе ви претстават се она што ние го нудиме како училиште.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

Проект CORELA – ERASMUS + 2018-2020 година

Започна проектот чиj носител е нашето училиште СЕТУ на Град Скопје “Михајло Пупин”- Скопје,заедно со нашите партнери Школски центар Крањ – Словенија, Универзитетот во Марибор ( Словенија ), Техничкото училиште Руџер Бошковиќ – Винковци ( Хрватска ) и ДТК Смарт- тек – Скопје. Нa првиот состанок кој се одржа од 25-27.10.2018 во просториите на СЕТУ на Град Скопје “Михајло Пупин”- Скопје се презентираше програмата , временските рокови за нејзина реализација и насоките за обврските на сите партнери во текот на овој проект.