Во рамки на проектот AI & Sustainability in VET education – Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование, во кој нашето училиште СЕТУГС „Михајло Пупин” е партнер, а координатор е Техничкиот Универзитет Каунас од Литванија, се одржа состанок во Каунас, Литванија на 26-27.06.2025. На состанокот учествуваа директорот Димитар Ѓорѓиев и координаторот на проектот Анѓелка Андрески. На евалуациониот состанок – „the ProjectHub@AI-SAVES-Artificial Intelligence and Sustainable Automated Vision for Environmental Solutions” се дискутираше за статусот на работните пакети, реализирани досегашни активности и секоја од партнерските земји – С.Македонија, Литванија, Португалија, Шпанија, Грција, Турција и Белгија – презентираше по два сработени проекти за одржлив развој со Raspberry Pi, computer vision, детекција на објекти и сегментација, претренирани модели – MobileNet – класификација, YOLO – детекција на објекти и нивна класификација, програмирани во Python. Нашите проекти беа за автоматизирано рециклирање, препознавање на типот на отпадот со камера модул и трениран модел – база на податоци со кој отпадот се пренесува со сервомотор до соодветната канта. Вториот проект беше за препознавање на кучиња скитници од голема база на податоци и заштита на луѓето од нив со вискофреквентни сигнали од утрасоничен сензор. Во тек е доставата на донираната опрема во училиштето од Raspberry Pi 5 , со сензори и актуатори, која ќе биде дистрибуирана и до сите електротехнички училишта во Р.С.Македонија, а на која ќе работат професори со тимови на ученици, за изработка на вежби за одржлив развој, со кои ќе учествуваат на натпревар во кој ќе се вклучат ученици од средни стручни училишта од цела Европа.
