Пепита Тодорова ПРВО место категорија Филм (и понуда за работа), ментор Јасминка Димовска, Маја Наумовска

Пепита Тодорова ПРВО место категорија Филм (и понуда за работа), ментор Јасминка Димовска, Маја Наумовска
На 25.03.2023 на Државниот натпревар по Програмирање кој се одржа на ФИНКИ, во организација на Здружение на информатичари на Р.С.Македонија, нашите ученици кои претходно обезбедија пласман преку Регионалниот натпревар , остварија одлични резултати , секој во својата категорија. Филип Величковски Ι-6 ΙΙΙ место, Дарио Филиповски ΙΙ-4 III место и Филип Поповски ΙΙΙ-3 ΙΙΙ место. Ментор – Анѓелка Андрески. Честитки за постигнатиот успех!
СЕТУ Михајло Пупин на 24.03.2023 беше домаќин на регионален натпревар по Електро, Машинска и Сообраќајна струка. Нашите ученици земаа две први места и ќе одат на државен натпревар. Се заблагодаруваме на целиот организационен тим што беше ангажиран за овој натпревар. Воедно се заблагодаруваме на нашите партнери Вива сокови, Пивара -Скопје и Индустри сервис кои го потпомогнаа овој натпревар.
СЕТУ Михајло Пупин во соработка со ЕВН Македонија беше домаќин на работилница( обука за наставници од електротехничка струка -Енергетика) од повеќе градови на Р.С. Македонија. Повеќе знаење повеќе можности. Им благодариме на колегите инжињери и на HR тимот на ЕВН Македонија на целосниот нивен ангажман за подобро образование и за развој на електротехничката струка во средното образование.
СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН има одлична соработка со своите партнери. Компанијата ЛОГИНГ донираше опрема во вредност од 2500 евра за потребите на нашите ученици и наставници за изработка на вежби од електротехничката струка. ВИ БЛАГОДАРИМЕ на поддршката во име на целото училиште.
Денес во просториите на СЕТУ Михајло Пупин во присуство на Градоначалничката на Град Скопје Г-ѓа Данела Арсовска и директори од компаниите Либерти, Макстил и Раде КОНЧАР контактори и релеи беше презентиран добиениот грант од Regional Challenge Fund . Со поддршка на консултантската компанија Примепоинт ДОО Скопје, конзорциумот предводен од средно електротехничко училиште на Град Скопје „ Михајло Пупин“ од Скопје и компаниите ЛИБЕРТИ АД Скопје, Раде Кончар Контактори и релеи доо и Макстил АД Скопје обезбеди грант во висина од €453,590.00 Евра од Регионалниот фонд за предизвици. Фондот е иницијатива на Германската развојна банка (KfW), а финансирана и од германското Федерално министерство.
Целта на проектот е преку модернизиран наставен процес да ги доближиме вештините на учениците до оние кои ги бараат компаниите и да го зголемиме бројот на вработени ученици во овие технолошко-напредни компании. „Во просториите на училиштето ќе биде креирана Паметна лабораторија која ќе биде опремена со најсовремена технологија од областа Industry 4.0, со автоматизиран и роботизиран производствен процес со што ова ќе биде единствената таква опрема во Македонија наменета за наставни цели. Учениците кои ќе се запишат во профилите електро-техничар и енергетичар техничар ќе имаат можност да реализираат пракса и да развијат напредни вешнини преку работа во овие реномирани компании“.
Факултетот за електротехника и информациски технологии во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE по трет пат го организираа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника ROBOMAC Junior, во периодот од 30 ноември до 2 декември 2022. На натпреварот учествуваа ученици од СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН под менторство на Стефана Христовска и Наташа Божиновска. Крумислав Божиновски се натпреваруваше во категорија 1 за АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, а Тимотеј Ристески се натпреваруваше во категорија 2 за ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА и освои прво место.
По повод одржувањето на 20-тата изложба на Еконова и 43-тата изложба на Макинова 2022, Друштвото за заштита на интелектуална сопственост Берин ДОО Скопје додели награда на нашите ученици Ангела Исовска, Михаела Петровска и Јован Дејановски за проектот Soil Bin – паметен компостер под менторство на професорката Анѓелка Андрески, како успешни млади учесници на изложбата Еконова 2022.
Денес заврши еднонеделната посета на ученици и професори од Турција на проект од Еразмус . Споделивме ново искуство на учениците и покажавме како денес функционира нашето училиште. Благодарност до колешките Сандра Ивановска и Наташа Божиновска кои го кординираа овој проект. СЕТУ Михајло Пупин – европско училиште!
СЕТУ Михајло Пупин ги усовршува своите ученици и професори. Од 10 до 14 Октомври 2022 година наши ученици заедно со професори беа на размена во Електротехничка Школа “Михајло Пупин “-Нови Сад. Недела каде учениците разменија искуства се стекнаа со нови знаења , дружење со своите врсници , беа во посета на Електро факултетот во Нови Сад и ја посетија компанијата CONTINENTAL. Нашите професори одржаа неколку предавања на нивните ученици од електротехничката струка. Се запознаа со Градот и посетија многу знаменитости. Незаборавно искуство за овие наши ученици кои беа избрани по пат на отворен конкурс, тестирање, а најдобрите имаа чест да бидат на оваа размена. Оваа размена продолжува во месец Нормври каде ученици од ЕТШ МИХАЈЛО ПУПИН-Нови Сад и професори ќе бидат наши гости во нашето училиште. За оваа учебна година планирани се и размени во Зеница -Бих, Хрватска и Словенија , а се работи на потпишување на меморандум со уште едно училиште од Србија како и со училишта од други соседни држави. Огромно Благодарам до колегите Milica Milosavić Karaba, Stana Makevic Mirjana Mitrović Zeljko, Saša Skoko Sasa Ivancuk, Borislava, Slavica, Vanja , професорите колеги кај кои нашите ученици имаа практични вежби и настава и едно големо благодарам до нашиот пријател Директорот Ермидин за прекрасната недела.
Галерија од нашата посета :