x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

Финални натпревари на Денови на електротехника

На 04.05.2023година се одржаа финалните натпревари на Денови на електротехника. Во финалето најдобри беа учениците од ОУ „Јан Амос Коменски“ – Карпош, на второ место се пласираше екипата ОУ „Христо Узунов“ -Охрид, додека третото место го освои екипата на ОУ „Петар Поп Арсов“-Карпош. Им се заблагодаруваме на сите учесници, а на најдобрите им го честитаме успехот. Уште еден прекрасен ден поминат во СЕТУ „Михајло Пупин“.

Денови на електротехника

На 02.05.2023 во СЕТУ Михајло Пупин започнаа Денови на електротехника -манифестација која оваа година трае една седмица. Се заблагодаруваме на сите присутни – на Градоначалникот на Град Скопје Г-ѓа Данела Арсовска, директори на образовни институции, директори на училишта, ученици , колеги , гости

Денови на електротехниката 02-06.05.2023

Средното електротехничко училиште на Град Скопје ” Михајло Пупин ” – Скопје, Ве поканува на овогодинешната манифестација „Денови на електротехниката“, која се одржува во нашето училиште од 02.05 до 06.05.2023 година. Секоја година учествуваат голем број на ученици, се надеваме дека и годинава ќе биде така. И оваа година за најдобрите се обезбедени награди, а за сите учесници сертификати за учество. Тимот кој ќе учествува на тест-натпреварот по предметот физика, област електротехника за 8 и 9-то одделение, треба да се состои од три ученици и еден ментор. Истиот треба да го пријавите најдоцна до 23.04.2023 година на e-mail: mpskontakt@yahoo.com и на setugs-mihajlopupin-skopje@schools.mk.

Во прилог Ви ја доставуваме пријавата. По завршување на рокот за пријавување ќе Ви ја испратиме агендата за настанот. На 06.05.2023 година (сабота) ќе имаме отворен ден за сите ученици од деветто одделение, со цел подобро да се запознаат со нашето училиште и да го продолжат своето школување кај нас. За Тимовите кои ќе се пријават, а не се од Скопје, превозот е на нивен сопствен трошок, односно на училиштето кое го претставуваат.