Михајло Пупин во посета на компанијата ТИТАН УСЈЕ АД Скопје

На 21 мај 2026 година со ученици од трета година од образовен профил Електротехничар за комјутерска техника и автоматика беше реализирана посета на компанијата ТИТАН УСЈЕ АД Скопје. Учениците во текот на посетата беа запознаени со опремата и софтверот кои се применува во производствениот процес кои теоретски се опфатени во наставните програми на предметите Основи на дигитални системи, Процесно управување и Системи за автоматско управување. Учениците беа придружувани од наставниците Софија Темкова (која ја организираше посетата), Јелена Стојановиќ-Јосифовска и Гордана Наумовска кои им предаваат по наведените предмети.

Посетата ги опфати Контролна соба и електро-опрема, а се однесуваше на контролата на процесот на производство – автоматизиран систем за управување со процес (следење и корегирање на параметри на и во процес), како и системот за надзор на системот за управување – елементите на дигиталните системи, ПЛУ (Програмибилни логички управувачи) и SCADA системот.

Учениците изразија големо задоволство од посетата особено затоа што вработените од компанијата навистина преубаво не пречекаа и максимално се вложија за да објаснат и одговорат на нашите прашања.

Сподели го постот: