Две први награди на државниот натпревар „Технологија за тебе – 2026“

И сега, на финале, на крај на наставната година, споделуваме уште две причини за гордост.

Две први места на државните натпревари „Технологија за тебе – 2026“ -развојни микропроцесорски системи, освоени во двата последни наставни денови на матурантите.

Државниот натпревар „Технологија за тебе – 2026“ -развојни микропроцесорски системи во организација на ФЕИТ – ФАБЛАБ, со поддршка на Loging Electronics се одржаа на 14-ти и 15-ти мај 2026.

Во првиот натпреварувачки ден –  прва награда, во категорија развојни микропроцесорски системи, освоија учениците

Борјан Стојчевски IV-3 и
Марко Бишкоски од IV-3
во конкуренција на учениците од електротехничка струка од Македонија.

Точноста, прецизноста и педантноста во работењето, кои ги вежбаа во кабинетот за роботика во нашето училиште, на часовите кај професор Јасминка Димовска, се покажа на дело, со доминацијата на нивната изработка за зададената задача на натпреварот.

Но, приказната продолжи и следниот ден.

Во вториот натпреварувачки ден, прва награда за презентирање проекти изработени на наставните часови во училиштето.

Дел од нашите ученици презентираа еден дел од проектите кои ги изработија во текот на учебната година, повторно во кабинетот за роботика, на часовите кај професор Јасминка Димовска.

Несомнено, најмногу, најквалитетни и најитересни проекти изложија и елаборираа:

Борјан Стојчевски IV-3  

Михаил Богдановски IV-3

Марко Бишкоски IV-3

Филип Стефановски IV-4

Василиса Курзакова IV-5

Никола Бошкоски IV-5

Филип Величковски IV-6

Тоа беше навистина одлична забава и големо задоволство, видено низ воодушевувањето на комисијата и другите учесници.

Ментор(к)и на учениците: Јасминка Димовска, Наташа Божиновска, Софија Темкова и Јелена Јосифовска

Сподели го постот: