Селекциониот натпревар за Балканската олимпијада по физика која ќе се одржи во јуни 2026 година во Истамбул Турција, се одржа на 15.05.2026 година (петок) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На овој натпревар нашето училиштето успешно го представуваше ученикот од II-3 Тадеј Патаракоски.
Само две недели подоцна се одржа и Селекциониот натпревар за Меѓународната олимпијада по физика која ќе се одржи од 04 до 12 јули 2026 година во Букараманга, Колумбија. Овој натпревар се одржа на 28.05.2025 година (четврток) со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Ученикот Тадеј Патаракоски од II-3 клас го представуваше нашето училиште и на овој престижен натпревар, но за жал не успеа да избори пласман на олимпијадата. Му посакуваме поголем успех во наредните години.

