Марко Бишкоски е ученик во IV година – сега веќе матурант. Неговата желба да се надградува со знаења, да научи повеќе, да напредува, го одведоа оваа година на многу престижни натревари, каде постигна резултати со кои се гордееме.
Сепак, треба да се истакнат некои од највисоките коти кои Марко ги достигна.
Ќе се задржиме на олимпијадите:
Марко Бишкоски, со менторство на Јасминка Димовска, се избори со резултати и постигнувања низ сите турнуси од натпревари по информатика (програмирање) за пласман на МИО 2026 и на меѓународниот натпревар IATI.
Марко е ученикот кој ПРВ ПАТ го запиша името на нашето училиште СЕТУГС „Михајло Пупин“-Скопје, на листата од МАКЕДОНСКАТА ИНФОРМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА (МИО) во 2026 година. Оваа олимпијада постои од 2009 година и Марко е првиот наш учесник.
Марко Бишкоски е ПРВИОТ НАШ УЧЕСНИК НА МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ЗА ИНФОРМАТИКА (ПРОГРАМИРАЊЕ), Со неговото учество на МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ XVII INTERNATIONAL ADVANCED TOURNAMENT IN INFORMATICS (IATI), нашето училиште е запишано и на меѓународна листа на натпревари по информатика.
Марко Бишкоски учествуваше на Македонската Математичка Олимпијада (ММО) и со неговото учество, СЕТУГС „Михајло Пупин“ се запиша по втор пат во историјата на ММО.