Robomac Junior 2026

Ова беше напорна предизвикувачка седмица, но да почнеме со ред.

За денес, информации од Robomac Junior 2026.

Robomac Junior 2026 се одржа од 20 до 22 април 2026г. во ФЕИТ.

Како и во неколку претходни години, така и сега, не имаше во ФЕИТ, на Robomac Junior 2026.

Беше забавно, беше интересно, беше предизвикувачки.

Стекнавме нови познанства, нови пријатели, соработници. Си поминавме многу убаво.

Се дружевме во тимови, помеѓу тимови, разменувавме идеи и на крај се тркавме.

И ете, како и во секоја трка, така и тука, се закитивме со медали.

Нашите остроумни „тркачи“, со своите тимови, освоија еден златен и две бронзени медали.

Се гордееме со Вас!

Ѓорѓи Ристов

Марко Бишкоски

Михаил Раичевиќ

Петар Жантевски

Сердар Цветков

Амар Марукиќ

Филип Величковски


Достојно не претставувавте на Robomac Junior 2026.

На целта, најзабележителни резултати имаа нашите медалисти:

Ѓорѓи Ристов – златен медал

Амар Марукиќ – бронзен медал

Филип Величковски – бронзен медал


Честитки за сите Вас. Сите сте наши победници!

Robomac Junior 2026, а ние се заблагодаруваме на ФЕИТ за добрата забава и просторот кој ни го отстапија за финалните подготовки за следниот натпревар.

Сподели го постот: