СЕТУГС „Михајло Пупин“ – домаќини на третиот транснационален состанок на Еразмус+ проектот AI & SUSTAINABILITY IN VET EDUCATION

На 20 и 21 април 2026, нашето училиште СЕТУГС „Михајло Пупин“, беше домаќин на претставници од партнерските земји во Еразмус+ проектот Вештачка интелегенција и одржлив развој во стручното образование. Имено, имавме гости од Универзитетите во Каунас, Литванија (координатор на проектот), Техничкиот Универизтет Порто од Португалија, Техничкото училиште од Билбао, Шпанија, Центрите за стручно образование од Атина, Грција и од Истанбул, Турција, ЕВТА – Европската асоцијација на среддни стручни училишта од Брисел, Белгија, како и ИТ компанија од Порто, Португалија. Состанокот го започна директорот Димитар Ѓорѓиев , а го водеше координаторот на проектот Анѓелка Андрески. Се дискутираше за тековната состојба на проектот, анализа на работните пакети, извештај за спроведените работилници, изработени проекти со учениците, број на професори кои ја поминале платформата за учење и се здобиле со сертификати, како и претстојните подготовки за online  натпреварот. На гостите им беше презентирано училиштето и просторните и материјалните капацитети со кои располага. Исто така, ги запознавме со културно-историските знаменитости со прошетка низ главниот град.
 
Координатор Анѓелка Андрески
Сподели го постот: