На 6 декември 2025 година, во просториите на СОУ „Киро Спанџов – Брко“ Кавадарци, се одржа 46. МАКИНОВА и 23. ЕКОНОВА, во организација на Народна Техника на Македонија и СПАТУМ. Настанот претставува меѓународна изложба за иновации, на која учесници од повеќе земји ги претставија своите креативни и истражувачки проекти.
Горди сме што нашето училиште имаше свои претставници:
Во категоријата МАКИНОВА:
- Ученикот Сердар Цветков IV-4 со проект – експонат:
„Праеторијан (Praetorian) – AI чувар на вашиот приватен дигитален свет “ – ментор Анѓелка Андрески
- Ученикот Борјан Стојчевски IV-3, кој освои 2 место со проект – експонат:
„Безжичен пренос на електрична енергија“ – ментор Гордана Наумовска.
- Ученикот Филип Спиров III-3 – ментор Наташа Божиновска
- Професорката по електро група предмети Анѓелка Андрески , која освои 2 место во категоријата поединци, со проект:
- „Современи наставни методи за дигитализација на наставата “
Во категоријата ЕКОНОВА:
- Учениците Филип Спиров , Никола Пецевски, Марио Додевски, Давид Меневски III-3 со проект – експонат:
„Паметна канта за сортирање отпад со вештачка интелегенција“ – ментор Анѓелка Андрески
Нивните експонати предизвикаа големо внимание и интерес кај посетителите, претставувајќи одличен пример за примена на еколошки принципи, реупотреба и одржлив развој.
Со голема чест и гордост објавуваме дека ученикот Борјан Стојчевски освои второ место во категоријата ученици од средни училишта и професорката Анѓелка Андрески освои второ место на 46-та МАКИНОВА – во категоријата поединци!
Ова е исклучителен успех што го потврдува нејзиниот труд, посветеност и долгогодишна работа во насока на квалитетна едукација и иновативност.
Голема честитка и искрена пофалба! Горди сме што токму таа е дел од нашето училиште.
Настанот беше збогатен со присуството на министерката за образование и наука Проф. д-р Весна Јаневска, која го поздрави и пофали трудот на нашиот ученици и ја истакна важноста на развивањето на техничката креативност кај младите.





