6 медали освоени на натпреварот „Наука за млади 2026“ – Народна Техника на Македонија

Ете викенд!

Но, за кого – како.

За нас беше натпреварувачки викенд.

„Наука за млади 2026“ во организација на Народна Техника на Македонија

Место: СОУ „Ванчо Прке“ – Виница

Време: Недела – 26.04.2026г.

Отпатувавме во Виница. Пријатно возење. Забавно патување.

Убаво организиран почеток и отворање на настанот, а потоа, распакување проекти и натпревар.

Беше убаво искуство, размена на идеи, воодушевувања, впечатоци меѓу натпреварувачите и од комисиите, дружење, прошетка, чекање резултати и прогласување. . .

И прогласуваа и повикуваа 6 пати членови од нашата паметна дружина.

Собравме медали од сите видови

Филип Бишкоски – златен медал

Борјан Стојчевски – сребрен медал

Сердар Цветков – сребрен медал

Ѓорѓи Придаенкоски – сребрен медал

Василиса Курзакова – бронзен медал

Михаил Богдановски – бронзен медал

Филип Величковски – посебно признание од ментор за издржливост (и тоа треба да се признае)

Сподели го постот: