Технологија за тебе

Нa 09-10.05.2022 год. во просториите на факултетот за Електротехника и информациски технологии ФЕИТ, претставници од нашето училиште, наставниците Јелена Стојановиќ Јосифовска, Наташа Божиновска, Софија Темкова и Стефана Христовска и учениците Давид Костовски, Матеј Згонц, Мартин Кузмановски и Матеј Николовски, учествуваа на едукативна работилница на тема „Развојни микропроцесорски системи“, во рамките на проектот „Технологија за тебе“, во организација на Логинг Електроникс. Се одржа натпревар меѓу учесниците на настанот и беа презентирани училишните проекти изработени со претходно донираната опрема.
Благодарение на акцијата под мото „ЛОГИНГ – ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ТЕБЕ!“, со мисијата за подигнување на свеста за употреба на новите технологии за реализација на наставните програми, компанијата ЛОГИНГ ЕЛЕКТРОНИКС донираше 5 уреди „ARDUINO КИТ“, со вклучени 15 разработени проекти.

Повеќе информации за настанот на сајтот на Логинг и ФЕИТ.

Сподели го постот: