Од 07-11.04.2025 нашето училиште СЕТУГС “Михајло Пупин”, беше домаќин на ученици и професори од Романија , Шпанија и Турција, во рамки на Еразмус+ проектот Our Green Heritage Awareness, во кој сме партнери. Учениците и професорите од партнерските училишта – Colegiul Alexandru Odobescu од Питешти, Романија, IES Antonio De Nebrija од Заламеа Де Ла Серена, Шпанија и Torbali Ataturk Anadolu Lisesi од Торбали, Измир, Турција ,учествуваа во бројни активности во рамки на мобилноста именувана како Green ICT – Зелени ИКТ. Имено , по свечениот прием и презентација на нашата земја и нашето училиште, се организираа повеќе работилници. Се работеше на пресметување на добиената енергија од обновливи извори -енергија од сонцето и од ветерот, како и презентација на фотоволтаичната централа во училиштето. Потоа , се работеа „зелени“ веб страни, каде нашите ученици измешани во тимови со гостинските ученици , беа вклучени како нивни ментори. Се работеше на Ардуино работилница за изработка на „паметни домови“ со сензори за светла заради заштеда на енергија, на автоматско наводнување на растенија со сензори за влага, потоа работилница со Raspberry Pi за автоматско селектирање на отпадот – паметно рециклирање со computer vision , AI -трениран модел со вештачка интелегенција, работилница со 3Д принтер, како и работилница за изработка на освежувачи за автомобили од рециклирани материјали и семиња за растенија во истите. Сите резултати од сработеното , нашите ученици ги поставија и на веб страната на проектот , youtube каналот и социјалните медиуми на проектот. Во рамки на едонеделната посета, гостите ја вкусија македонската кујна и беа воодушевени од знаменитостите на нашата земја. Ја посетивме спомен куќата на Мајка Тереза и Старата Скопска чаршија. Ја посетивме хидроцентралата Матка, каде се презентираше за начинот на добивање на електрична енергија од енергијата на водните ресурси. Гостите беа импресионирани од кањонот Матка, од градот Охрид и Охридското Езеро како дел од зеленото и културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така , го посетивме и Милениумскиот крст на Водно – како споредба на градскиот воздух и чистиот планински воздух во непосредна близина на Скопје. Гостите заминаа со прекрасни впечатоци за македонската култура и традиција, како и за техничката опременост на нашето училиште.
Координатор на проектот – Анѓелка Андрески
Мобилност во Турција
Во рамките на Еразмус+ проектот Our green heritage awareness, во кој нашето училиште е партнер, се реализираше третата мобилност наречена Design the future in green, во Торбали, Измир, Турција. На мобилноста, од 30.09.- 04.10.2024 учествуваа професорката Анѓелка Андрески и учениците Михаил Исијановски , Даријан Антевски, Михаела Сталеска и Јована Јованова. Нашите ученици заедно со учениците од Романија, Шпанија и Турција реализираа низа активности за зачувување на зеленото наследство, посета на фабрики за органско производство и за рециклирање, за зголемување на еколошката свест, како и посета на Градско собрание за популаризирање на проектот и идејата зад него, во организација на училиштето домаќин Torbali Lisesi Anadolu Ataturk.
Во рамките на Еразмус+ проектот Our green heritage awareness, во кој нашето училиште е партнер, се реализираше втората мобилност наречена Go circular: reduce, reuse and recycle , во Заламеа Де Ла Серена, Шпанија. На мобилноста, од 01-06.04.2024 учествуваа професорката Анѓелка Андрески и учениците Михаил Раичевиќ, Филип Величковски, Борјан Младеновски и Зоран Колевски. Нашите ученици заедно со учениците од Романија, Шпанија и Турција реализираа низа активности во контекст на циркуларна економија, за повторна употреба на материјали со изработка на платнени торби и одбегнување на пластика, изработка на сапуни од стари масла, декорирање со растенија, рециклирање, како и посета на Градското собрание за популаризирање на проектот и идејата зад него, во организација на училиштето домаќин IES Antonio de Nebrija.
Мобилност во Романија
СЕТУ Михајло Пупин е дел од проектот Our Green Heritage Awareness – GET AWARE! ЕРАСМУС + заедно со нашите партнери од Шпанија, Турција и Романија во првата акција во градот Питешти- Романија