x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА

Струката е со четиригодишно образование и содржи 23 стручни предмети од електротехника, електроника, автоматика и компјутерска техника. Оваа струка има околу 400 часа практична настава и над 500 часа работа со компјутери. Наставата се одвива во 5 компјутерски училници со пристап на интернет. Во програмата се опфатени:

  • Уредување на веб страни (HTML и CSS)
  • Основи на дигитални системи, микропроцесори и микроконтролери
  • 3Д моделирање, Мултимедија (OCR, PDF, Adobe Photoshop, 3D Studio Max…)
  • Објектно ориентирано програмирање
  • Процесно управување (PLC)
  • Веб програмирање (JavaScript и PHP)
  • Автоматизирани системи
  • Програмски јазици (Java, C#)
  • Бази на податоци
  • Роботика
  • Компјутерски системи и мрежи
Михајло Пупин

Можности за вработување: Изработка на програми за разни намени, изработка на веб страна, техничка обработка и подготовка на материјали за печат во издавачките куќи, сервисирање и одржување на компјутерски системи, изработка и одржување на уреди од автоматските системи во индустријата.

83513301_10157614032225642_4020586299592278016_n

Можности за вработување: Техничар за производство и тестирање на електронски склопови, сервисер на електронски уреди во аудио-видео сервиси, одржувач на електронските уреди во индустријата, техничар во РТВ станици (тон-мајстор, снимател, монтажер …), техничар во телефонските компании.

ЕЛЕКТРОНИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

Струката е со четиригодишно образование и содржи 18 стручни предмети од електротехника, компјутерска техника, електроника и телекомуникациите. Оваа струка има над 400 часа практична настава која се одвива во опремени кабинети со компјутери, осцилоскопи и многу други електронски инструменти. Во програмата се опфатени:

  • Технички софтверски алатки
  • Дигитална електроника
  • Дигитални телекомуникации
  • Телекомуникациски системи и мрежи
  • Програмабилни компоненти и системи
  • Автоматско управување и регулација
  • Аудио и видео техника
  • Автомобилска електроника
  • Компјутерски системи
  • Мерно-испитни техники и дијагностика
  • Снимање и монтажа на аудио и видео материјали
  • Учење преку работа кај работодавач

ЕНЕРГЕТИЧАР

Струката е со четиригодишно образование и содржи 21 стручен предмет од електротехника и енергетика. Во оваа струка има над 240 часа практична настава во солидно опремени кабинети со сите неопходни инструменти и нагледни средства. Во програмата се опфатени:

  • Електрични инсталации и осветлување
  • Производство, преобразување и пренос на електрична енергија
  • Информатички технологии во електроенергетиката
  • Заштита на електрични инсталации и постројки
  • Обновливи извори на енергија
  • Електрични возила
  • Индустриска електроенергетика
  • Автоматизација
  • Учење преку работа кај работодавач
dav

Можности за вработување: Сопствен бизнис во инсталација и одржување на електрични инсталации и апарати, техничар за производство и дистрибуција на електрична енергија (електростопанство), техничар за проектирање и изведба на електрични инсталации и апарати, техничар за производство на електрични апарати.

Имате прашања!.. слободно контактирајте не