УСПЕШНО УЧЕСТВО НА 46та МАКИНОВА И 23та ЕКОНОВА

На  6 декември 2025 година, во просториите на СОУ „Киро Спанџов – Брко“ Кавадарци, се одржа 46. МАКИНОВА и 23. ЕКОНОВА, во организација на Народна Техника на Македонија и СПАТУМ. Настанот претставува меѓународна изложба за иновации, на која учесници од повеќе земји ги претставија своите креативни и истражувачки проекти.

Горди сме што нашето училиште имаше свои претставници:

 

Во категоријата МАКИНОВА:

  • Ученикот Сердар Цветков IV-4 со проект – експонат:

„Праеторијан (Praetorian) – AI чувар на вашиот приватен дигитален свет “ – ментор Анѓелка Андрески

  • Ученикот Борјан Стојчевски IV-3, кој освои 2 место со проект – експонат:

„Безжичен пренос на електрична енергија“ – ментор Гордана Наумовска.

  • Ученикот Филип Спиров III-3 – ментор Наташа Божиновска
  • Професорката по електро група предмети Анѓелка Андрески , која освои 2 место во категоријата поединци, со проект:
  • „Современи наставни методи за дигитализација на наставата “

Во категоријата ЕКОНОВА:

  • Учениците Филип Спиров , Никола Пецевски, Марио Додевски, Давид Меневски III-3 со проект – експонат:

„Паметна канта за сортирање отпад со вештачка интелегенција“ – ментор Анѓелка Андрески

 

Нивните експонати предизвикаа големо внимание и интерес кај посетителите, претставувајќи одличен пример за примена на еколошки принципи, реупотреба и одржлив развој.

  Со голема чест и гордост објавуваме дека ученикот Борјан Стојчевски освои второ место во категоријата ученици од средни училишта и професорката Анѓелка Андрески освои второ место на 46-та МАКИНОВА – во категоријата поединци!

Ова е исклучителен успех што го потврдува нејзиниот труд, посветеност и долгогодишна работа во насока на квалитетна едукација и иновативност.

Голема честитка и искрена пофалба! Горди сме што токму таа е дел од нашето училиште.

 

Настанот беше збогатен со присуството на министерката за образование и наука Проф. д-р Весна Јаневска, која го поздрави и пофали трудот на нашиот ученици  и ја истакна важноста на развивањето на техничката креативност кај младите.

Сподели го постот: