Во техничката секција членуваат учениците кои покажуваат особен интерес кон новите светски трендови од областа на електротехниката, програмирањето и електрониката.
На часовите се работи по определана програма интересна и привлечна за учениците. Се обработуваат теми и се изведуваат практични вежби од областа на:
Роботика – Програмирање на EMORO и лего роботи
Изработка на кратки филмови со Windows Movie Maker и Sony Movie Studio
Програмирање на PLC управувачи
Програмирање на микроконтролери PIC 16F887
WEB програмирање – Изработка на училишна WEB страна
Изработка на електрични уреди- плочки по желба на учениците
Часовите на техничка секција започнуваат со обука на учениците за изготвување на кратка биографија, мотивационо писмо и интервју за работа. Во текот на учебната 2014/2015 година дел од членовите на техничката секција придонесуваат за одржување на училишната компјутерска мрежа и опрема. Голем дел од членовите на секцијата во текот на учебната година изработуваат различни творби, со кои потем учествуваат на различни манифестации од натпреварувачки карактер како што се: МАССУМ, регионални и државни натпревари од областа на електротехниката и други манифестации. Учениците од оваа секција активно се вклучени во реализација на „Денови на електротехниката“ , манифестација која ја организира нашето училиште.
Во програмата на техничката секција за оваа учебна година предвидени се посети на различни саемски манифестации со цел учениците да се запознаат со современите достигнувања во доменот на електротехниката и автоматиката, посета на компании и фирми со цел да се воспостави контакт и соработка, да се разменат искуства и да се подготват учениците за понатамошните животни предизвици.