СЕТУ Михајло Пупин – домаќин на висока делегација од Босна и Херцеговина( Зеничко-Добојски кантон)

СЕТУ Михајло Пупин беше домаќин на висока делегација од Босна и Херцеговина( Зеничко-Добојски кантон), која се состоеше од : министерот за образование, наука култура и спорт г-дин Спахија Козлиќ,заменик министерката за образование г-ѓа Бернадета Галијасевиќ, претседателката на стопанската комора г-ѓа Дијана Бабиќ , заменик министерката за труд и социјала ѓ-га Вилдана Кондиќ, репрезентот на Хелветас г-дин Свен Доминковиќ. Делегацијата го обиколи нашето училиште и се запозна со неговата работа и прогрес. Добивме лично покана за соработка и потпишување на меморандуми со две средни училишта од Босна и Херцеговина кои ќе се случат во месец февруари-март 2022 година каде нашето училиште ќе отпатува со своја делегација. Посебно сме горди што од сите училишта во Македонија баш нашето училиште беше единствен домаќин на оваа висока делегација.. Пријатни моменти , размена на искуства , нови пријателства, нова можност на нашите ученици преку размена со училишта од Босна и Херцеговина.
EXCHANGE OF IDEAS AND EXPERIENCES FOR THE VOCATIONAL EDUCATION AND TRAINING AIMED AT THE LABOR MARKET NEEDS

Сподели го постот: