СЕТУГС “Михајло Пупин” победи на натпреварот UPSHIFT Air

Тимот Eco-Smell од нашето училиште победи на натпреварот UPSHIFT Air и освои награда од 120 000 денари за реализација на проектот и производство на еко-биоразградливите освежувачи за автомобили, кои откако ќе го исцрпат своето дејство, може да се засадат во земја.

На натпреварот учевствуваа учениците Георгина Алексовска, Андреј Тодоровски, Дори Иванова, Дијана Бошковска и Маријан Багевски и беа менторирани од професорката Ангела Магдеска. Натпреварот се одржа во Струга од 04.04.2024 до 06.04.2024 и беше организиран од здружението ЛЕАД.

За производство на освежувачите е искористена старата хартија која не се употребува во училиштето. Истата е рециклирана од страна на учениците и во неа се додадени семиња од цвеќиња и есенцијални масла за мирис. Откако е засаден, освежувачот се разргадува и семките почнуваат да никнуваат и растат во цвеќиња. Освежувачот помага во намалување на отпадот и овозможува создавање на нов живот од нешто што инаку би било складирано во депонија. Овој производ овозможува секојдневните возачи да придонесат кон почиста средина преку користење еколошко позитивни оддржливи рециклирани освежувачи.

Сподели го постот: