Посета и размена на ученици и професори со средните училишта Техничката школа  Зеница и Мешовитата  школа Младост во Зеница -Босна и Херцеговина

СЕТУ Михајло Пупин од 25-29.10.2023 година беше во посета и размена на ученици и професори со двете средни училишта Техничката школа Зеница и Мешовитата школа Младост во Зеница -Босна и Херцеговина.

Меѓу другото остваривме средба со заменик Министерката за образование  во Министерството за образование каде разговаравме  на теми од образованието и  имавме посебна чест да ја претставиме Македонија и СЕТУ Михајло Пупин.

СЕТУ Михајло Пупин денес е покането и ќе биде првото училиште од  Македонија кое во месец мај 2024 година ќе земе учество на фестивалот на  сите технички школи преку 80 на ниво на БИХ како во натпреварувачкиот дел така и во изложбениот дел на фестивалот на технички училишта со свои ученици и наставници .

✔️ Размена на ученици

✔️Размена на професори

✔️ Посета и состанок со заменик министерката за образование во Министерството за образование

✔️ Состанок со претставници од Стопанската комора

✔️Посета на термоелектраната  во Какањ

✔️ Состанок со претседателот на здружението на сите технички училишта во БИХ

✔️ Разгледување на Градот Зеница

✔️Посета и разгледување на преубавото Сараево

СЕТУ Михајло Пупин ќе продолжи да соработува со голем дел од училиштата од Екс Југославија  и своите ученици и професори ќе ги испраќа на  размена  на знаења и добивање нови идеи и  унапредување на образованието и претставување на нашата држава Македонија во најдобро светло.

СЕТУ Михајло Пупин – Европско училиште

СЕТУ   Михајло  Пупин чекор пред другите

🇲🇰🇪🇺🇲🇰🇪🇺🇲🇰🇪🇺🇲🇰

Сподели го постот: