x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

ПЕТТИ (V-ти) СТЕПЕН

Струка: Електротехничка

Образовни профили:

  • Педагошко водење и инструирање
  • Организација на поризводство
  • Психологија на трудот
  • Електротехника и електроника
  • Електронски мерења
  • Електроакустика и аудиотехника
  • Видеотехника
  • Специјалистичка практика
  • Педагошко водење и инструирање
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електротехника и електроника
  • Електронски медицински уреди
  • Дијагностички и тераписки машини
  • Мерење во медицината
  • Сметачки системи во медицината
  • Специјалистичка практика
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електротехника и електроника
  • Електронски инструменти и мерења
  • Управувачки и регулациони уреди
  • Дигитални мерни инструменти и уреди
  • Специјалистичка практика
  • Педагошко водење и инструирање
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електроника во електроенергетиката
  • Електротехника и мерења
  • Разводни постројки
  • Заштита во електрични постројки
  • Погон и одржување на електрични постројки
  • Електрични машини
  • Специјалистичка практика
  • Педагошко водење и инструирање
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електроника во електроенергетиката
  • Електротехника и мерења
  • Електрични машини со електромоторен погон
  • Автоматско управување на електромоторен погон
  • Погон и одржување на електромоторен погон
  • Електрични инсталации и осветление
  • Специјалистичка практика
  • Педагошко водење и инструирање
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електроника во електроенергетиката
  • Електротехника и мерења
  • Електрични мрежи
  • Заштита на електрични мрежи
  • Погон и одржување на електрични мрежи
  • Електротехнички материјали
  • Специјалистичка практика
  • Педагошко водење и инструирање
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електроника во електроенергетиката
  • Електротехника и мерења
  • Мерни инструменти и уреди
  • Одржување на електрични мерни инструменти и уреди
  • Специјалистичка практика

Пријавување во петти степен

Кандидатите кои завршиле тригодишно образование во образовен профил Електромеханичар може да запишат Петти степен во образовниот профил Електромеханичар - Специјалист за електрични мерни инструменти и уреди

Кандидатите кои завршиле четиригодишно образование во образовен профил Електроника и телекомуникации може да запишат Петти степен во образовните профили: Електроничар - специјалист за сервисирање на аудио и видео техника, Електроничар - специјалист за сервисирање на медицински електронски апарати и Електроничар - специјалист за сервисирање на мерни и управувачки уреди.

Кандидатите кои завршиле четиригодишно образование во образовен профил Енергетичар може да запишат Петти степен во образовните профили: Електроенергетичар - специјалист за електрични постројки, Електроенергетичар - специјалист за одржување, Електроенергетичар - специјалист за електрични мрежи.

Ученикот при пријавување на петти степен треба да ги пополни и донесе следниве документи:

  • Барање за упис на петти степен
  • Свидетелства за I, II, III и IV година
  • Диплома за завршен III степен или IV степен
  • Потврда за работно искуство од 5 години (исклучиво работа во доменот на електротехн. струка)
  • Извод од матична книга на родените

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: 7000 ден.

Цел на дознака: Упис во петти степен

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Пријавување на испити за полагање

Во текот на една учебна година предвидени се шест испитни сесии (октомври, декември, февруари, април, јуни и август). Кандидатот треба да ги донесе во училиштето сите потребни документи наведени подолу од 1 до 10-ти во месецот кога има испитна сесија. Испитите се реализираат од 20 до 30-ти во месецот кога има сесија. Термините и комисиите за полагање на испитите ќе бидат истакнати на Огласната Табла во училиштето и на Огласната Табла на веб страната на училиштето. 

Напомена: Кандидатот може да пријави највеќе три испити во една испитна сесија.

Потребни документи за полагање на испити:

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: Вариабилна (Зависи од бројот на предмети што ќе ги пријави кандидатот. Цената на полагање на еден предмет чини 800ден. ) На пример: Доколку кандидатот пријави три предмети тогаш цената ќе биде 2400 ден.

Цел на дознака: Пријавување на испити за петти степен

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу: