x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

Историско-планинарската секција е формирана пред 25 години и претставувa една од најактивните секции во училиштето. Своите активности, секцијата ги реализира според годишната програма на секцијата. Едни од главните цели на оваа секција е посета на музеите, археолошките локалитети, средновековните крепости, цркви и манастири, учество на многубројните средби и манифестации, настапи на градските и републичките натпревари по историја, воведување во тајните на филмот и фотографијата и сл.

Со оглед дека најголемиот дел од содржините се реализираат надвор од училиштето, методите и формите во работата на секцијата се насочени кон отворањето на училиштето кон поблиската околина односно напуштање на традиционалниот начин на реализацијата на воспитно-образовните содржини и воведување на иновативни вредности неопходни во градењето на ново, модерно и современо училиште.

Во текот на изведувањето на екскурзиите, помеѓу наставникот и учениците се воспоставуваат меѓусебни односи кои видно се разликуваат од секојдневната работа во училиштето. Со тоа се создаваат услови за послободно и спонтано комуницирање помеѓу ученикот и наставникот, при што до израз доаѓаат индивидуалните способности и интереси на секој ученик.

Во учебната 2014/2015 година, историско-планинарската секција ги посети: античкиот град Скуписредновековните цркви и манастири во кањонот Маткамилениумскиот крст на Водноманастирите на Скопска Црна Горацрквата Св. Никола во Горно СоњеКатлановска Бања, Бучинското Езеро, врвот на Скопска Црна Гора Црна – Црн Камен, селата Љубанци, Побожје, Бродец, Кучевиште, Бањани, Ајватовци, Бучинци, Горно Соње, Долно Соње и др.

Во месец декември 2014 година, најдобрите млади историчари учествуваа на градскиот натпревар по историја, кој се одржа во СГУС „Здравко Цветковски“ во Скопје. На натпреварот учествуваа Соколчевски Александар од II-2, Димовски Ѓорѓи од II-1, Оручоски Раиф од II-5 и Илиев Ненад од II-4. Учениците постигнаа мошне забележителни резултати, во пединечен пласман сите беа меѓу првопласираните, а како екипа освоија второ место, зад екипата на СУГС„Васил Антевски Дрен“ oд Скопје.

Дел од реализираните активности, секцијата ги презентира на WEB-страната на училиштето www: mihajlopupin.mk, во училишниот хол како и во училишниот весник на СЕТУГС„Михајло Пупин“.