Основната дејност на училиштето е воспитно образовна работа и обука на ученици и возрасни согласно важечките наставни планови и програми за стручно образование од електротехничка струка со четиригодишно и тригодишно траење на образованието. Училиштето е верификувано од надлежното Министерство за образование и наука за реализирање на постсредно образование. Исто така училиштето поседува верификација за изведување обуки за стручно оспособување на кадри за изведување на електрични инсталации и одржување на разладни и термички уреди, за обука на кадри за стручно-работно оспособување за електроинсталатер и монтер на електрични инсталации во станбени објекти, за обука на кадри за стручно-работно оспособување за електроинсталатер и монтер на електрични инсталации во индустриски објекти.