Овој испит е наменет за учениците од четиригодишното средно стручно образование кои нема да полагаат државна матура. Целта на овој испит е добивање на диплома за завршено четиригодишно средно стручно образование.
Завршниот испит се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети.
Завршниот испит опфаќа: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.
Напомена! Секој оној што ќе избере да полага Завршен испит нема да има право да се запише на факултет.
Пријавување за завршен испит (четиригодишно образование)
Редовни ученици
Пријавувањето на завршниот испит треба да се изврши најкасно до 31 декември во тековната учебна година и притоа треба да се пополнат и донесат следниве документи:
Пријава за полагање на завршен испит (Избери пријава за соодветниот образовен профил)
Термини за пријавување: најдоцна декември, а по овој термин со барање до УМК
Tермини за полагање: јуни, август
Пријавувањето на завршен испит за редовните ученици е бесплатно.
Вонредни ученици
Вонредните ученици треба да ги пополнат и донесат сите документи кои се наведени погоре за редовните ученици, а притоа да донесат и една уплатница со уплатено 4100 денари (Задолжителен предмет- 800ден.; Изборен предмет - 800 ден.; Матурска проектна задача - 2500 ден.)
Напомена! Потребно е да донесете само ЕДНА уплатница со уплатено 4100 ден.
Цел на дознака: Полагање на завршен испит
Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:
Спроведување на завршен испит (четиригодишно образование)
Ученикот бира само еден наставен изборен пакетод понудените:
Изборен пакет (модул 1) - Преобразување на електрична енергија (Електрични апарати и уреди, Електрични машини и трансформатори)
Изборен пакет (модул 2) - Производство и пренос на електрична енергија (Електрични мрежи и водови, Електроенергетски постројки со управување, Електрични централи)
Проектната задача е составен дел од држаната матура, училишната матура и завршниот испит.
Проектната задача, како составен дел од државната и училишната матура, претставува проучување на проблем што ученикот го избира од некои од наставните предмети или пошироко од образовните области.
Проектната задача, како составен дел од завршниот испит, служи за проверка на практичната оспособеност на ученикот за вршење на работи од областа на струката.
Термини за пријавување: најдоцна почеток на мај, а по овој термин со барање до УМК
Термини за полагање: јуни, август и јануари само за трет степен.
Пријавувањето на завршен испит за редовните ученици е бесплатно.
Вонредни ученици
Вонредните ученици треба да ги пополнат и донесат сите документи кои се наведени погоре за редовните ученици, а притоа да донесат и една уплатница со уплатено 1800 денари (Македонски јазик и литература- 800ден.; Практична настава - 1000 ден.; )
Напомена! Потребно е да донесете само ЕДНА уплатница со уплатено 1800 ден.
Цел на дознака: Полагање на завршен испит (тригодишно образование)
Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:
Спроведување на завршен испит (тригодишно образование)
Учениците треба да полагаат два испити: Македонски јазик и литература и Практична настава. За начинот на полагање и за испитната програма треба да се консултираат со предметните професори.
Дополнителни информации
Доколку некој сака да прочита поопширни и подетални информации за Завршниот испит, тоа ќе може да го стори на следниве линкови: