Државната матура е наменета за учениците од гимназиското и од четиригодишното средно стручно образование. Покрај тоа што претставува завршен дел на средното образование има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување на високото образование.
Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.
Државната матура опфаќа: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.
Пријавување за државна матура
Редовни ученици
Пријавувањето на државната матура треба да се изврши најкасно до 31 декември во тековната учебна година и притоа треба да се пополнат и донесат следниве документи:
Пријава за полагање на државна матура (Избери пријава за соодветниот образовен профил)
Пријавувањето на државна матура за редовните ученици е бесплатно.
Вонредни ученици
Вонредните ученици треба да ги пополнат и донесат сите документи кои се наведени погоре за редовните ученици, а притоа да донесат и една уплатница со уплатено 4100 денари (Втор изборен наставен предмет- 800ден.; Трет изборен наставен предмет - 800 ден.; Матурска проектна задача - 2500 ден.)
Напомена! Потребно е да донесете само ЕДНА уплатница со уплатено 4100 ден.
Цел на дознака: Полагање на државна матура.
Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:
Ученикот бира само еден наставен изборен пакетод понудените:
Изборен пакет (модул 1) - Преобразување на електрична енергија (Електрични апарати и уреди, Електрични машини и трансформатори)
Изборен пакет (модул 2) - Производство и пренос на електрична енергија (Електрични мрежи и водови, Електроенергетски постројки со управување, Електрични централи)
Проектната задача е составен дел од држаната матура, училишната матура и завршниот испит.
Проектната задача, како составен дел од државната и училишната матура, претставува проучување на проблем што ученикот го избира од некои од наставните предмети или пошироко од образовните области.
Проектната задача, како составен дел од завршниот испит, служи за проверка на практичната оспособеност на ученикот за вршење на работи од областа на струката.