Донирана опрема со RaspberryPi  од проектот AI & Sustainability in VET Education

Во рамките на Еразмус+ проектот AI & Sustainability in VET Education, во кој нашето училиште е партнер, а координатор е Техничкиот Универзитет од Каунас, Литванија, пристигна донација на опрема од микрокомпјутери. Донацијата опфаќа пакети со RaspberryPy 5 микрокомпјутери и пропратна опрема  – сензори, актуатори, Raspberry камери, ESP32-S3 контролери, MicroSDHC картици итн., со која учениците ќе изработуваат проекти за вештачка интелегенција и компјутерска визија , за одржлив развој и со истите ќе учествуваат на натпревар на Европско ниво. Со овој проект нашето училиште ги вклучи и  сите средни училишта од електротехничка струка на ниво на Р.С.Македонија, па така  донираната опрема ќе се распредели и сите училишта ќе добијат пакет со микрокомпјутери и освен учениците од нашето училиште, ќе бидат инволвирани и учениците од цела Р.С.Македонија.

Координатор на проектот

Анѓелка Андрески

Сподели го постот: