Нашето училиште е учесник на Националните натпревари поврзани со проектот Ученичка компанија организиран од Џуниор Ачивмент. На 26.05.2022 (четврток) и 27.05.2022 (петок) 5 ученици со нивниот наставник ментор Стефана Христовска и со ученичката компанија МPSetings присуствуваа на Националниот натпревар на најдобри ученички компании за учебната 2021/2022 година. Тимот на МPSetings се состои од учениците: Фидан Маџоски, Дори Иванова, Дијана Бошкоска, Горјан Јанковски и Никола Атанасоски. Натпреварот се реализираше во просториите на Хотел Дрим во Струга.Сообраќајните незгоди се почести во нашето општество. Најголем дел од жртвите се велосипедисти. Велосипедистите обично го користат стариот метод при движење со покажување на знаци со рацете. Затоа ученичката компанија МPSetings дојде до идеја да го реши овој проблем со помош на производ кој ќе врши електронска сигнализација со дисплеј.Целта на компанијата МPSetings e велосипедистите да возат побезбедно и посигурно во сообраќајот со едноставен, лесен и евтин уред кој ќе овозможува сигнализација со помош на дисплеј поставен од задната страна на велосипедот. Предност е што нема компанија кај нас што произведува производ што го решава овој проблем во општеството. Производот е иновативен и единствен на пазарот. Направена е плочка со печатено коло, асемблирани се компонентите, а за конструкцијата дополнително се направени и кутии со помош на 3D принтер. Се состои од микроконтролер, дисплеј, џојстик за контролирање четири начини на работа, за оптимизација се користи прекинувач и за напојување батерија. Дополнително е потребно и програмирање на микроконтролерот, а исто така може брзо и лесно да се постави на велосипедот. Производот може да го користат велосипедисти од сите возрасти. Но, уникатно е тоа што целната група може да се прошири и производот не мора да се користи само за велосипеди, туку и за инвалидски колички, па дури и електронски тротинети, а за во иднина со можност за надоградување и далечинско контролирање за користење и на запрежни возила, трактори и слично.Визијата на МPSetings е да направат повеќе електрични уреди што ќе решаваат одредени проблеми во сообраќајот и ќе бидат од корист во општеството.