Прво место на ROBOMAC

Факултетот за електротехника и информациски технологии во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE по трет пат го организираа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника ROBOMAC Junior, во периодот од 30 ноември до 2 декември 2022. На натпреварот учествуваа ученици од СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН под менторство на Стефана Христовска и Наташа Божиновска. Крумислав Божиновски се натпреваруваше во категорија 1 за АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, а Тимотеј Ристески се натпреваруваше во категорија 2 за ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА и освои прво место.

Сподели го постот: