x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

Државната матура е наменета за учениците од гимназиското и од четиригодишното средно стручно образование. Покрај тоа што претставува завршен дел на средното образование има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување на високото образование.

Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.

Државната матура опфаќа: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.

Пријавување за државна матура

Редовни ученици

Пријавувањето на државната матура треба да се изврши најкасно до 31 декември во тековната учебна година и притоа треба да се пополнат и донесат следниве документи:

Пријавувањето на државна матура за редовните ученици е бесплатно.

Вонредни ученици

Вонредните ученици треба да ги пополнат и донесат сите документи кои се наведени погоре за редовните ученици, а притоа да донесат и една уплатница со уплатено 4100 денари (Втор изборен наставен предмет- 800ден.; Трет изборен наставен предмет - 800 ден.; Матурска проектна задача - 2500 ден.)

Напомена! Потребно е да донесете само ЕДНА уплатница со уплатено 4100 ден.

Цел на дознака: Полагање на државна матура.

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Спроведување на државна матура

Задолжителен наставен предмет

Прв изборен наставен предмет (екстерно ниво)

Ученикот бира само еден наставен предмет од понудените:

Втор изборен наставен предмет (интерно ниво)

Ученикот бира само еден наставен предмет од понудените:

Трет изборен наставен предмет/ изборен пакет (интерно ниво)

Електротехничар за компјутерска техника и автоматика - КТА

Ученикот бира само еден наставен изборен пакет од понудените:

Електротехничар за електроника и телекомуникации - ЕТ

Ученикот бира само еден наставен изборен пакет од понудените:

Електротехничар енергетичар - ЕЕ

Ученикот бира само еден наставен изборен пакет од понудените:

Матурска проектна задача (интерно ниво)

Проектната задача е составен дел од држаната матура, училишната матура и завршниот испит.

Проектната задача, како составен дел од државната и училишната матура, претставува проучување на проблем што ученикот го избира од некои од наставните предмети или пошироко од образовните области.

Проектната задача, како составен дел од завршниот испит, служи за проверка на практичната оспособеност на ученикот за вршење на работи од областа на струката.

Дополнителни информации

Доколку некој сака да прочита поопширни и подетални информации за Државната матура, тоа ќе може да го стори на следниве линкови: