x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

Писменото Барање може да се поднесе до училиштето непосредно во архивата или преку пошта на адреса ул.Благоја Стефковски бр.6 1000 Скопје.

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.

Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: м-р. Јакимовска Марија, дипл.правник,секретар, контакт телефон: +389(0)2 60 90 308

Информации од јавен карактер на СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје

Информација
Локација
1. Податоци од надлежности кои ги извршува институцијата, односно кои се утврдени со закон
2. Податоци за контакт на институцијата
3. Податоци за функционерот,односно одговорното лице на институцијата
4. Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации
5. Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен е-маил и службен телефон
6. Закони
7. Прописи што во рамките на својата надлежност ги донесува институцијата во вид на подзаконски акти
8. Годишни планови и програми за работа на институцијата
9. Годишен Буџет и завршна сметка на институцијата
10. Годишни финансиски планови по квартали и програми за реализација на буџетот на институцијата
11. Ревизорски извештаи
Линк
12. Целокупна документација за јавните набавки, за концесиите и за договорите за јавно – приватно партнерство
13. Предлог на програми, ставови, мислења,студии и други слични документи кои се однесуваат на актите од надлежноста на институцијата
Линк
14. Годишни извештаи за информации од јавен карактер