x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

По завршувањето на тригодишното образование, учениците може да продолжат во четиригодишно образование, но претходно мора да запишат и завршат вертикална проодност (премин).

Пријавување за вертикална проодност (премин)

Ученикот при пријавување за вертикална проодност (премин) треба да ги пополни и донесе следниве документи:

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: 2500 ден.

Цел на дознака: Пријавување на вертикална проодност (премин).

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Спроведување на вертикална проодност (премин)

Кандидатот кој се има пријавено за вертикална проодност (премин) треба да положи два стручни и три општообразовни предмети.

Општообразовни предмети

Aко кандидатот изучувал друг странски јазик испитот се полага во друго училиште каде што се предава тој странски јазик.

Стручни предмети

Доколку ученикот завршил тригодишно образование (Електричар- Електромонтер за електроенергетски мрежи) треба да ги полага следниве два стручни предмети:

Доколку ученикот завршил тригодишно образование (Електромеханичар) треба да ги полага следниве два стручни предмети:

Доколку ученикот завршил тригодишно образование (Електроинсталатер и монтер) треба да ги полага следниве два стручни предмети:

Пријавување на испити за полагање

Во текот на една учебна година предвидени се шест испитни сесии (октомври, декември, февруари, април, јуни и август). Кандидатот треба да ги донесе во училиштето сите потребни документи наведени подолу од 1 до 10-ти во месецот кога има испитна сесија. Испитите се реализираат од 20 до 30-ти во месецот кога има сесија. Термините и комисиите за полагање на испитите ќе бидат истакнати на Огласната Табла во училиштето и на Огласната Табла на веб страната на училиштето.

Потребни документи за полагање на испити:

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: Вариабилна (Зависи од бројот и типот на предмети што ќе ги пријави кандидатот. Ценовникот на предметите е: Македонски јазик и литература - 300ден., Англиски јазик - 300 ден., Математика - 300 ден., Автоматика - 1000 ден., Електрични апарати и уреди -1000 ден., Електроника - 1000 ден., Електрично осветление - 1000 ден., Електрични машини и погони - 1000 ден. ) На пример: Доколку кандидатот пријави два стручни и еден општообразовен предмет тогаш цената ќе биде 2300 ден.

Цел на дознака: Пријавување на испити за вертикална проодност (премин).

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Пријавување во четврта година

Откако кандидатот ќе ги положи сите испити предвидени со вертикалната проодност (премин), истиот ќе може да се запише во четврта година. За таа цел ќе му бидат потребни следниве документи:

  • Барање за упис во четврта година
  • Свидетелства за I, II и III година
  • Диплома за завршен III степен
  • Потврда за положени доплнителни испити – премин
  • Извод од матична книга на родените

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: 5000 ден. (еднократна уплата)

Цел на дознака: Упис во четврта година.

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Пријавување на испити за полагање

Откако кандидатот ќе се запише во четврта година може да се пријави за полагање на испити. Во текот на една учебна година предвидени се шест испитни сесии (октомври, декември, февруари, април, јуни и август). Кандидатот треба да ги донесе во училиштето сите потребни документи наведени подолу од 1 до 10-ти во месецот кога има испитна сесија. Испитите се реализираат од 20 до 30-ти во месецот кога има сесија. Термините и комисиите за полагање на испитите ќе бидат истакнати на Огласната Табла во училиштето и на Огласната Табла на веб страната на училиштето 3 дена пред започнување на полагањето на испитите. Идентитетот на кандидатот го утврдува испитната комисија преку Лична карта. Во случај кога кандидатот е спречен да дојде на испит, должен е најмалку еден ден однапред да се јави и да го оправда своето отсуство, во спротивно ќе се смета дека кандидатот бил на испит.

Напомена: Кандидатот може да пријави највеќе три испити во една испитна сесија.

Потребни документи за полагање на испити:

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: Вариабилна (Зависи од бројот на предмети што ќе ги пријави кандидатот. Цената на полагање на еден предмет чини 800ден. ) На пример: Доколку кандидатот пријави три предмети тогаш цената ќе биде 2400 ден.

Цел на дознака: Пријавување на испити за вонредни

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Полагање на државна матура/ завршен испит

По завршувањето на испитите од четврта година, кандидатот ќе може да полага завршен испит или државна матура.  Повеќе информации околу државната матура и завршниот испит можете да најдете на линкови подолу: (Следете ги инструкциите за вонредни ученици)

Издавање на диплома/ свидетелство

Кандидатот треба да ги следите следните чекори за издавање на свидетелство или диплома :
  1. 1. Поднесете барање за издавање на диплома (Барањето се поднесува кај секретарот на училиштето)
  2. 2. Уплатите уплатница на жиро сметка на училиштето
    • Цена за свидетелство: 500 ден.
    • Цена за диплома: 500 ден.
    • Цел на дознака: Издавање на свидетелство/ диплома