СЕТУ на Град Скопје “ Михајло Пупин” грант €453,590.00

Денес во просториите на СЕТУ Михајло Пупин во присуство на Градоначалничката на Град Скопје Г-ѓа Данела Арсовска и директори од компаниите Либерти, Макстил и Раде КОНЧАР контактори и релеи беше презентиран добиениот грант од Regional Challenge Fund . Со поддршка на консултантската компанија Примепоинт ДОО Скопје, конзорциумот предводен од средно електротехничко училиште на Град Скопје „ Михајло Пупин“ од Скопје и компаниите ЛИБЕРТИ АД Скопје, Раде Кончар Контактори и релеи доо и Макстил АД Скопје обезбеди грант во висина од €453,590.00 Евра од Регионалниот фонд за предизвици. Фондот е иницијатива на Германската развојна банка (KfW), а финансирана и од германското Федерално министерство.

Целта на проектот е преку модернизиран наставен процес да ги доближиме вештините на учениците до оние кои ги бараат компаниите и да го зголемиме бројот на вработени ученици во овие технолошко-напредни компании. „Во просториите на училиштето ќе биде креирана Паметна лабораторија која ќе биде опремена со најсовремена технологија од областа Industry 4.0, со автоматизиран и роботизиран производствен процес со што ова ќе биде единствената таква опрема во Македонија наменета за наставни цели. Учениците кои ќе се запишат во профилите електро-техничар и енергетичар техничар ќе имаат можност да реализираат пракса и да развијат напредни вешнини преку работа во овие реномирани компании“.

 

СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН ЧЕКОР ПРЕД ДРУГИТЕ

Сподели го постот: