x
С Е Т У
М и х а ј л о
П у п и н

Секцијата по физика во СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“ е формирана со цел да ја популаризира физиката помеѓу учениците во училиштето. Единствен услов да се стане член на секцијата по физика е да се сака физиката и да се има желба за добивање на нови знаења од областа на науката и техниката.

За време на секцијата се oдржуваат предавања, дискусии, се гледаат видеа и анимации на теми кои што се актуелни во доменот на  физиката. Дел од темите кои се планирани за учебната 2014/2015 година се:

Покрај предавањата, планиран е и експеримент за правење на анти-гравитационо летало, така наречено „лифтер“, кое што работи врз база на ефектот на Т.Т.Браун. Во текот на експериментирањето учениците ќе бидат запознаени со работата на канадскиот иноватор Хатшитсон и со најновите откритија на полето на анти-гравитацијата.

Нашата секција успешно соработува со Друштвото на Физичари на  Македонија, Обсерваторијата во Скопје, Метеролошкиот завод и Лашко Хидраулика и воедно планирано е да ги посетиме овие организации, со цел учениците да ја осознаат  практичната примена на физиката.

 

Професор по физика:

Миланчо Иванов